Настаните на денот низ фотографии - 27 октомври 2022
Од Ковачевски до Илон Маск

1
ПОЛСКА - Полска демонтираше четири споменици на војниците на Црвената армија од времето на комунизмот како повторен обид да ги отстрани симболите на доминацијата на Москва по Втората светска војна и да ја нагласи нејзината осуда на актуелната руска војна против соседна Украина.

2
МАКЕДОНИЈА / АВСТРИЈА - Во Виена денеска, 27 октомври, на 78-годишна возраст ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, јави МИА од Белград. Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија" во Њујорк.

3
ИРАН - Најновите медиумски извештаи јавуваат дека иранските власти, наводно, реагирале насилно на демонстрантите кои се собрале да ја одбележат смртта на Ника Шакарама, уште еден симбол на протестното движење во таа земја.

4
МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи информира дека се лажни пријавите за поставена експлозивна направа во девет училишта во Скопје.