Настаните на денот низ фотографии - 17 октомври 2022
Политичари и фудбалери
5
ГРУЗИЈА - Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили изјави дека нејзината земја може да го промени својот „либерален“ визен режим за руските граѓани. Зурабишвили говорејќи на заедничката конференција во главниот град на Молдавија, Кишињев, по разговорите со нејзината колешка од Молдавија, Маја Санду го нарече „предизвик“ доаѓањето на руските граѓани во Грузија во последните недели предизвикан од мобилизацијата на трупи на Кремљ за војната против Украина.
6
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Димитар Ковачевски по повод„ Отворени денови на Институтот за македонскиот јазик“ посочи на значењето на Блаже Конески и неговото наследството кое, како што рече, е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел во македонскиот идентитет и во македонската национална култура. Тој порача и дека граматиката на македонскиот литературен јазик напишана од Конески е капитално дело со трајна вредност.
7
УКРАИНА - Украинските власти соопштија дека најмалку шест лица загинале во руските напади врз главниот град Киев и други региони во јужна и источна Украина. Нападите дојдоа по една недела откако руски проектили убија најмалку 19 луѓе низ Украина во најтешкото бомбардирање во последните неколку месеци.
8
СРБИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека „се додека можеме да издржиме без да ги загрозиме нашите највитални национални и државни интереси, ќе ја следиме политиката утврдена со заклучокот на Советот за национална безбедност“ поврзана со санкциите врз Русија.