Настаните на денот низ фотографии - 17 октомври 2022
Политичари и фудбалери
9
ЕУ - Европската унија најавува дека ќе воведе санкции врз Иран поради репресијата за човековите права, а неколкумина претставници на Унијата предупредија на одделни, нови санкции доколку се докаже вмешаноста на Техеран во руската војна против Украина. Министрите на ЕУ треба да воведат забрани за патување и да ги замрзнат имотите на околу 15 Иранци вклучени во владината акција што започна во минатиот месец против демонстрантите огорчени од смртта во полициски притвор на 22-годишната Махса Амини.
10
БЕЛГИЈА - НАТО ги започна своите редовни вежби за нуклеарно одвраќање во Западна Европа во услови на зголемени тензии со Русија, поттикнати од прикриените нуклеарни закани на претседателот Владимир Путин наспроти воените неуспеси на Москва во Украина. „Во вежбата учествуваат 14 земји и околу 60 авиони од различни типови, вклучувајќи борбени авиони од четврта и петта генерација, како и авиони за надзор и танкер“, се вели во соопштението на Алијансата, нагласувајќи дека вежбата која ќе трае до 30 октомври била планирана пред Русија да ја нападне Украина и не е поврзана со сегашната ситуација. Вежбата ќе се одвива во тренажни летови над Белгија, Британија и Северното Море.
11
МАКЕДОНИЈА - ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека новите договори за парно греење може да се потпишат на три пункта во Скопје со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот: пункт Центар, на ул. „Кочо Рацин“ бр.33 кај Олимписки базен, пункт Исток, на ул. „Јане Сандански“ бр.49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица „Лондонска“ бр.8 во населба Тафталиџе. Новиот носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика, кој има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи РКЕ воедно порачува дека испораката на топлина нема да биде прекината.