Достапни линкови

Солидарност: Протести во Скопје, Тирана и Приштина по силувањето на 11-годишното девојче во Косово

Со скандирања „Заштита на девојките и жените“, „Државата е виновна“, „Силувањето е кривично дело“, „Не, значи не“, во Приштина, Тирана и Скопје денеска, 31 август 2022, се протестираше против насилството врз жените и девојчињата. Протестите беа свикани откако во јавноста излезе случајот со силувањето на 11-годишното девојче во Приштина од страна на петмина осомничени. Жители на Тирана и Скопје, како што рекоа на протестите, со овие протести се солидаризираат со Приштина.

Претседателката на Косово Вјоса Османи вчера оцени дека силувањето на 11-годишна малолетничка е шокантен и нехуман чин и побара ригорозна истрага и правна одговорност за сторителите. Косовската полиција претходно соопшти дека пет лица во Приштина се осомничени дека силувале малолетничка. Османи на Фејсбук напиша дека „со најголема жестокост и одлучност мора едногласно да повториме дека никој не е над законот“.


Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG