Достапни линкови

Вести

Продолжи расправата во Собранието за францускиот предлог

Собрание
Собрание

Во Собранието денеска продолжи расправата за францускиот предлог. Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Дебатата во Собранието вчера се одвиваше во слична атмосфера како што започна со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаат пратениците на СДСМ.

Во меѓувреме од партијата Левица повикаа на протести пред законодавниот дом во 12 часот.

Таканаречениот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на пристапните преговори, зад кои застана целата ЕУ, во Македонија наиде на отпор од македонската опозиција, дел од граѓаните, академската јавност и невладините организации.

Почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија е блокиран со бугарското вето од ноември 2020 година поради спор околу јазикот и историјата, а Брисел го врза напредокот на Тирана на патот кон ЕУ со напредокот на Македонија. Една година претходно, европскиот пат на двете земји беше блокиран од Франција, инсистирајќи на промена на методологијата за преговори.

види ги сите денешни вести

Жозеп Борел со осуда за последните израелски воздушни напади во Газа

Палестина/Израел/конфликт
Палестина/Израел/конфликт

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, ги осуди последните израелски воздушни напади врз градот Рафа во јужна Газа, во кои загинаа најмалку 45 Палестинци, вклучително и деца и луѓе кои живееја во шатори, откако беа принудени да ги напуштат своите домови.

Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни работи на блокот на 27 мај, Борел рече дека го осудува нападот „најостро“.

„Тоа докажува дека нема безбедно место во Газа. Можете да замислите колку сите сме ужаснати од овие напади“, рече тој.

Нападите се случија доцна на 26 мај, кога израелските сили ја погодија инсталацијата на Хамас, прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и ЕУ, при што беа убиени двајца високи членови на групата.

Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека околу половина од загинатите се жени, деца и постари возрасни лица.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нападите се „трагична грешка“, што доаѓа во време на зголемени критики на Израел за неговата војна против Хамас, која беше предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили.

Министрите за надворешни работи на ЕУ се состанаа во Брисел и начелно се согласија да продолжат со повторното отворање на граничната мисија на ЕУ во Рафа, која не е оперативна од 2007 година, кога Хамас ја презеде целосната контрола на територијата.

Репортери без граници со жалба за воени злосторства врз новинари во Газа

Kрвавиот елек на палестинскиот новинар Мохамед Собох, убиен со уште двајца новинари на 10 октомври 2023
Kрвавиот елек на палестинскиот новинар Мохамед Собох, убиен со уште двајца новинари на 10 октомври 2023

Во понеделникот, Репортери без граници (РСФ) поднесе нова жалба до Меѓународниот кривичен суд во Хаг за „воени злосторства извршени од Израел против новинари“.

Тие бараат од обвинителот да ги истражи злосторствата извршени врз најмалку девет палестински известувачи меѓу 15 декември и 20 мај, како и убиството на повеќе од 100 новинари во Газа на 7 октомври, се вели во соопштението на РСФ.

Исто така, го повторува барањето до обвинителот да го почитува членот 15 од Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и да и даде приоритет на истрагата за злосторствата на израелската армија врз новинарите во Газа од почетокот на војната.

„РСФ поднесе трета жалба до Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, бидејќи бројот на новинари убиени од страна на израелската армија во Газа продолжува да расте откако ја премина границата од 100, бришејќи ги палестинските медиуми“, се вели во соопштението.

Претходните две тужби беа поднесени на 31 октомври и 22 декември.
Сите новинари споменати во тужбите се убиени додека биле на должност.

„РСФ има разумна основа да верува дека некои од овие новинари биле намерно убиени, а останатите биле жртви на намерни напади врз цивили од страна на израелската армија“, се додава.

Африм Гаши поднесе оставка од претседател на Алтернатива, се подготвува да биде спикер во Собрание

Африм Гаши
Африм Гаши

Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, информираат од Секторот за односи со јавност на Алтернатива. Како што велат од партијата ова е поради кандидатурата за претседател на Собранието на Гаши.

Информацијата за МИА ја потврди и Гаши.

„На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот на 23 мај, меѓу другото се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи Уставот на РСМ, член 67, определува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата, велат од Алтернатива.

Пред тоа, стои во соопштението, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива.

До изборот на претседател на Собранието со конститутивната седница ќе претседава најстариот пратеник по години. Во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.

Дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце

Државна изборна комисија
Државна изборна комисија

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.

Претставникот на „Европски фронт“, адвокат Ана Жаревска истакна дека приговорот се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите.

„Избирачкиот одбор на двајца гласачи без да бараат помош за да гласаат им дозволил на други лица да им кажуваат кој број ќе го заокружуваат и воедно не го почитувал задолжението на ДИК од упатството дека во текот на гласањето во целиот процес треба да присуствуваат седум членови на избирачкиот одбор. Во околу 18:50 часот на денот на гласањето, односно на 22 мај , во просториите на гласачкото место дошле двајца возрасни гласачи со друго лице и без да бараат помош лицето ги земал нивните гласачки ливчиња и гласал наместо нив, со што е повредена правилото за непосредност на остварување на избирачкото право. Во записникот на образец број 16 се пополнети податоци дека се искористени 550 гласачки ливчиња додека, во сумираниот збир фигурираат 565 гласачи кои го оствариле правото на глас по различни основи, рече Жаревска.

За тие основи на приговорот, претседателот на ДИК, Александар Даштевски рече дека до нив во текот на целиот изборен ден не биле пријавени неправилности.

По разгледувањето на целиот избирачки материјал, Даштевски рече дека се утврдило потполна иста состојба како што е во записникот и предложи да се одбие приговорот како неоснован.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат. За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори.

На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Еден египетски војник загина во престрелка со израелските сили на преминот Рафах

илустрација
илустрација

Еден египетски војник е убиен во престрелка меѓу израелските и египетските сили во близина на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, а истрагата е во тек, изјави портпаролот на египетската армија.

Израелската војска претходно соопшти дека ги истражува извештаите за размена на оган меѓу израелски и египетски војници, пишува Ројтерс.

„Пред неколку часа (понеделник) имаше пукање на египетската граница. Инцидентот се утврдува и се разговара со Египќаните“, се вели во соопштението на израелската армија.

На почетокот на овој месец, Израел ја презеде контролата врз граничниот премин Рафах на страната на границата во Газа, додека ја засили својата воена офанзива во областа, предизвикувајќи критики од Египет.


Инцидентот уследи по израелските напади на Рафа во неделата, каде илјадници раселени Палестинци се засолниле бегајќи од судирите во други делови на опколената територија.

Според последните информации, во тие напади загинале 45 лица, кога биле погодени шатори со раселени Палестинци.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќето од загинатите се жени и деца.

Неименуван израелски воен извор во понеделникот го осуди Египет за смртоносната размена на оган на границата. Официјален коментар од Каиро нема.

Русија ја гради првата нуклеарна централа во Централна Азија

Владимир Путин и Шавкат Мирзијоев, Узбекистан, 27 мај 2024
Владимир Путин и Шавкат Мирзијоев, Узбекистан, 27 мај 2024

Русија ќе изгради мала нуклеарна централа во Узбекистан, што ќе биде прв ваков проект во Централна Азија по распадот на Советскиот Сојуз, изјави претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев.

Мирзијоев го соопшти ова на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, кој е во посета на Узбекистан, пренесува Ројтерс.

Нуклеарниот договор, доколку се спроведе, ќе ја покаже способноста на Русија да извезува не само енергија, туку и производи со висока технологија на новите азиски пазари, во време кога Западот преку санкции го зголемува притисокот врз Москва.

Мирзијоев додаде дека Ташкент е заинтересиран да купува повеќе нафта и гас од Русија, што претставува пресврт по децениската практика на увоз на овие извори на енергија во Русија од Централна Азија.

Узбекистанскиот претседател ја опиша посетата на Путин како „историска“.

„Ова го најавува почетокот на новата ера во сеопфатното стратешко партнерство и сојуз меѓу нашите земји“, рече тој.

Путин рече дека Ташкент е „стратешки партнер и сигурен сојузник“ за Москва.

Двајцата лидери не презентираа детали за планираниот нуклеарен проект.

Во моментов нема нуклеарни централи во ниту една од петте поранешни советски републики во регионот на Централна Азија.

Ердоган го спореди Нетанјаху со Милошевиќ, Караџиќ и Хитлер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот вети дека Турција ќе стори „се што е можно“ за да ги изнесе „варварската“ влада и Бенјамин Нетанјаху на одговорност, споредувајќи го израелскиот премиер со Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија, Радован Караџиќ, воениот претседател. на Република Српска и нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

„Турција ќе направи се за да ги изведе на одговорност овие варвари и овие убијци кои немаат никаква врска со човештвото“, рече Ердоган за израелскиот напад врз градот Рафах во Појасот Газа, на почетокот на минатиот викенд, пишува АФП.

Тој посочи дека „масакрот, еден ден по жалбата на Меѓународниот суд на правдата да ги запре нападите, уште еднаш го покажа суровото и предавничко лице на терористичката држава“.

„Исто како Хитлер, Милошевиќ, Караџиќ и другите фараони од историјата на кои им се восхитуваат, тие нема да можат да избегаат од проклетството“, рече Ердоган.

Милошевиќ беше обвинет пред Меѓународниот трибунал во Хаг за геноцид и воени злосторства во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово во текот на 1990-тите. Сепак, тој никогаш не ја виде пресудата, бидејќи почина во притвор за време на судењето во 2006 година.

Радован Караџиќ, првиот претседател на Босна и Херцеговина на ентитетот Република Српска, беше законски осуден во Хаг на доживотна затворска казна за геноцидот во Сребреница, како и за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната во другите делови на Босна и Херцеговина.
Палестинските власти и Хамас, организација означена како терористичка организација од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, го обвинија Израел дека извршил „масакр“ со гаѓање центар за раселени лица во близина на Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, каде што најмалку Загинаа 40 лица, а 64 беа ранети.

Израелската армија соопшти дека целта биле терористи.

На 2 мај Турција ја прекина целата трговија со Израел поради „влошувањето на хуманитарната трагедија на палестинските територии.
Војната во Појасот Газа започна кога милитантите на Хамас започнаа невиден напад врз Израел на 7 октомври, при што според израелските власти загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили.

Хамас киднапираше и околу 250 луѓе, од кои 100 се уште се заробени во Појасот Газа.

Израел потоа започна офанзива на Газа во која досега загинаа најмалку 36.050 луѓе - две третини од нив жени и деца - и рани повеќе од 81.020, според локалното Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас.

Шпанија ќе и обезбеди на Украина воена опрема од една милијарда евра

Шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Шпанија, 27 мај 2024
Шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Шпанија, 27 мај 2024

Оваа година Шпанија се обврза да и обезбеди на Украина воена опрема вредна една милијарда евра врз основа на билатералниот договор потпишан во понеделникот во Мадрид од украинскиот претседател Володимир Зеленски и шпанскиот премиер Педро Санчез.

Сега е поважно од кога било да ја удвоиме нашата поддршка“, рече Санчез на прес-конференцијата.

Договорот предвидува набавка на модерна воена опрема за копно, воздух, море и друга употреба, со акцент на поморските средства со цел да се заштити рутата за извоз на храна од Украина.

Весникот „Ел Паис“ претходно во понеделникот објави дека Шпанија ќе се обврзе да и испрати на Украина десетина американски противвоздушни ракети „Патриот“ и 19 користени тенкови „Леопард 2А4“ од германско производство, како и друго оружје од шпанско производство, како што се опрема и муниција против беспилотни летала.

Дванаесетте ракети кои ќе и бидат испорачани на Украина не вклучуваат комплетни системи за противракетна одбрана, пишува Ел Паис.

Портпаролите на кабинетот на премиерот и на Министерството за одбрана одбија да ги коментираат наводите на весникот Ел Паис.

Шпанија, исто така, вети дека ќе помогне во зголемувањето на производството на украинската одбранбена индустрија и ќе ги проучи можностите за заедничко производство.

Страните, исто така, се согласија да работат на решавање на тешкотиите поврзани со снабдувањето на украинскиот одбранбен сектор и да спречат каква било нелегална циркулација на одбранбен материјал доставен во Украина.

Инаку руските сили ја нападнаа Украина овој месец со околу 3.200 наведувани воздушни бомби, изјави во понеделникот претседателот Володимир Зеленски.

На прес-конференција во Мадрид, Зеленски оцени дека украинската армија нема доволно противвоздушни ракети за да ја спречи Русија да фрла илјадници бомби месечно, пишува Ројтерс.

Украинскиот претседател во последните месеци постојано бараше помош од западните партнери за зајакнување на воздушната одбрана.

Украина се соочува со повторени руски напади во нејзиниот источен регион Харков каде руските сили започнаа нова офанзива.

Најмалку 14 лица загинаа викендов во руски бомбашки напад врз трговски центар во Харков.

Десетици беа повредени во нападот на 25 мај, кој погоди трговски центар преполн со посетители.

Финишираат разговорите за Влада, претседател на Собранието од Вреди

Влада на Република Северна Македонија
Влада на Република Северна Македонија

Составот на новата влада е пред финален договор, објавува Македонската информативна агенција (МИА).

Според информации од работните групи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат министри во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за надворешни работи, за земјоделства, шумарство и водостопанство, за локална самоуправа, за одбрана, за енергетика, за политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање, а министерот што ќе управува со него во исто време ќе биде и вицепремиер. Кадри на коалицијата Вреди ќе раководат со Министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со Министерството за економија и труд, со Секторот евроинтеграции, како и со уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Според информациите од работните групи, и преговорите со ЗНАМ финишираат. Тие, се очекува да добијат две министерства и тоа Министерство за правда и новото Министерство за администрација.

Претседател на Собранието оди во рацете на коалицијата Вреди.Претседател на Собранието најверојатно ќе биде Африм Гаши од коалицијата Вреди, како што попладнево потврдија од партиските работни групи кои преговараа за нова влада.

До изборот на претседател на Собранието со конститутивната седница ќе претседава најстариот пратеник по години. Во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.

Собранието ќе брои 120 пратеници, но на утрешната седница ќе присуствуваат само 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда се уште течат жалбените постапки.

ВМРО-ДПМНЕ, претходно излезе со став дека имаат консолидирано 61 пратеник, без при тоа да посочи кои се дополнителните три пратеници кои ќе им се приклучат. Новата влада, како што претходно најавија од ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде формирана до 20-ти јуни.

За вторник, 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав.

Шефот на Светската здравствена организација е „убеден“ во можен договор за пандемијата

Директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на Светското здравствено собрание, Женева, 27 мај 2024.
Директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на Светското здравствено собрание, Женева, 27 мај 2024.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот изрази уверување дека земјите еден ден ќе постигнат договор за пандемијата, откако минатата недела не постигнаа договор, иако здравствените власти претходно предупредуваа дека тоа може да потрае со години.

Здравствените власти изразија фрустрација од преговорите, кои беа оптеретени од долги дискусии, менување позиции и растечки критики дека договорот ќе го поткопа суверенитетот, што СЗО жестоко го негира.

Министрите од 194 земји-членки на СЗО бараат да склучат, по повеќе од две години преговори, нови правила за одговор на пандемии на Светското здравствено собрание на 27 јуни - до 1 јуни, откако пандемијата COVID-19 однесе милиони животи .

Во петокот преговарачите не успеаја да го изготват договорот за официјално одобрување во Собранието.

„Се разбира, сите сакаме да постигнеме консензус за договор за собранието што е можно поскоро и да ја надминеме целта“, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Сè уште сум убеден дека ќе постигнете консензус, бидејќи таму каде што има волја, има и начин. Знам дека постои заедничка волја меѓу вас ова да се случи“, додаде тој.

Висок функционер на американската администрација истакна дека Вашингтон останува посветен на процесот, но проценува дека се уште се потребни една или две години преговори.

„Има многу фрустрации“, рече таа.

Преговорите сè уште се во тек за ажурирање на постоечките здравствени правила за да се одговори на појавата на пандемијата, при што преговарачите велат дека договорот е блиску, вклучително и нов систем за предупредување по критиките дека СЗО била премногу бавна за да прогласи вонредна состојба поврзана со пандемијата COVID-19 .

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG