Вести
Турција бара Шведска и Финска да преземат „конкретни чекори“за влез во НАТО

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Шведска и Финска мора да преземат „конкретни чекори“ за да ги смират безбедносните грижи на неговата земја со цел да се надминат приговорите на Анкара за нивната кандидатура за НАТО.
Чавушоглу рече дека делегациите на двете нордиски земји се вратиле дома со барањата на Турција по посетата оваа недела и дека Анкара ги чека нивните одговори.
Двете нордиски земји ги отфрлија тврдењата на Турција.
Чавушоглу инсистираше на тоа дека „овие земји мора да преземат конкретни чекори“ наведувајќи дека не е исправен пристапот „како и да е навреме ќе ја убедиме Турција, ние сме пријатели и сојузници“.
Турскиот министер за надворешни работи додаде дека ја разбираат загриженоста за безбедноста на Финска и Шведска, но дека „сите мора да ги разберат и легитимните безбедносни грижи на Турција“.
Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО по руската инвазија на соседна Украина.
види ги сите денешни вести
Два земјотреси ја погодија Грузија

Грузија денеска беше погодена од два земјотреси со интензитет од 4,7 степени и 3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националниот центар за сеизмички мониторинг.
Првиот земјотрес се случи на два километри од селото Лелубани кај Мачета, на околу 20 километри северозападно од главниот град Тбилиси, а вториот во Кахети во источна Грузија, на 150 километри од Тбилиси на длабочина од 18 километри, соопшти центарот.
Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.
Борел го осуди нападот на север на Косово и побара да бидат утврдени сите факти

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, денеска изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните лица мораат да бидат изведени пред лицето на правдата.
Истовремено, Борел најостро го осуди, како што рече, грозоморниот напад на вооружената банда врз припадници на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени.
„Уште повеќе невини животи се загрозени во непријателствата кои траат околу манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат“, рече Борел.
Тој посочи дека ЕУЛЕКС како втора одговорна мисија за безбедноста на теренот е во близок контакт со властите и со КФОР.
„ЕУ и нејзините членки повторно ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово“, рече Борел.
Пред околу половина час пак, косовската полиција соопшти дека е убиен еден од напаѓачите, а и косовскиот премиер Албин Курти од претходно истакна дека околу 30 вооружени маскирани лица се наоѓаат во и околу Бањскиот манастир.
Убиен еден од напаѓачите на север на Косово, соопшти полицијата

Косовската полиција соопшти дека морала да реагира во самоодбрана поради напад на „криминални групи“ на северот на Косово каде утринава загина еден косовски полицаец, а во таа прилика е убиен и еден од напаѓачите.
„Ситуацијата на северот на Косово се уште е тензична, криминалните групи од време на време со огнено оружје ги напаѓаат полициските единици на терен, кои и покрај нападите, се грижат за безбедноста“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека внатре и околу Бањскиот манастир има „значителен број професионални униформирани напаѓачи“, кои се вооружени со „гранати, воено оружје и некои оклопни возила“.
Претходно и премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека околу 30 вооружени маскирани лица се наоѓаат во и околу Бањскиот манастир.
Косовската полиција информираше и дека Бањскиот манастир „се користи за движење, засолниште и позиционирање за пукање кон косовската полиција“.
„Продолжува соработката и координацијата на косовската полиција со надлежните домашни и меѓународни институции, со цел да се зачува редот и јавната безбедност, како и да се изведат пред лицето на правдата сторителите на континуирани напади врз полициски службеници, а истовремено да се повикуваат да се предаде“, стои во соопштението на косовската полиција.
Свечља: Манастирот во Бањска е изворот на вооружениот напад на север на Косово

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, денеска изјави дека манастирот во селото Бањска на северот на Косово е „изворот на вооружените напади“ кои се случуваат утринава.
Свечља пред новинарите зборуваше за денешниот напад на север на Косово кога еден косовски полицаец беше убиен, а истакна и дека нападот се уште трае.
„Нападот се случи и се уште трае и е организиран од подготвени професионални единици, во кои има повеќе од 30 униформирани, маскирани и воено опремени лица, со оклопни возила и тешко вооружување од различен тип“, рече Свечља.
Тој истакна дека внатре во манастирот биле опколени вооружени лица.
„Овие терористи се опколени од полициски единици и крајно време е да се предадат“, нагласи тој.
Косовската полиција соопшти дека во неделата во 02:34 часот било забележано дека на мостот, на влезот во селото Бањска, има два камиони без регистарски таблички, кои го блокираат преминот.
Претходно и косовскиот премиер Албин Курти, потврди дека во и околу Бањскиот манастир има околу 30 униформирани маскирани лица, за кои рече дека се опколени од косовската полиција.
Шефот на саудиската дипломатија повика на формирање палестинска држава

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фајсал бин Фархан предупреди дека регионалната безбедност на Блискиот Исток зависи од „праведно и сеопфатно решение за палестинското прашање“.
Обраќајќи се пред Генералното собрание на Обединетите нации во саботата вечер, тој изјави дека се преземаат„еднострани мерки кои се флагрантно кршење на меѓународното право“.
„Безбедноста во регионот на Блискиот Исток бара забрзување на праведно и сеопфатно решение за палестинското прашање. Решението мора да се заснова на резолуции на меѓународната сцена и мора да донесе мир што ќе му овозможи на палестинскиот народ да има независна држава врз основа на границите од 1967 година, со главен град источен Ерусалим“, рече шеф на саудиската дипломатија.
Тој додаде дека Саудиска Арабија, исто така, „ги отфрла и ги осудува сите еднострани чекори кои придонесуваат за колапс на регионалните и меѓународните мировни напори и го попречуваат патот кон дипломатски решенија“.
Во 16-минутниот говор, саудискиот министер не ги спомна напорите за постигнување договор за нормализација на односите на Израел со Саудиска Арабија.
Министерот се обрати на Генералното собрание на ОН, во време кога се повеќе се зборува за потенцијален историски мировен договор меѓу Саудиска Арабија и Израел, но и кога Ријад, наводно, бара израелски отстапки за Палестинците, но не и независна држава.
Ријад, исто така, бара отстапки од САД, одбранбен пакт и договор за оружје, како и соработка за воспоставување цивилна нуклеарна програма во Саудиска Арабија.
Ерменците предупредија дека ќе го напуштат Нагорно - Карабах

Ерменците од Нагорно - Карабах ќе се преселат во Ерменија бидејќи не сакаат да живеат како дел од Азербејџан и се плашат од етничко чистење, соопштија денеска за „Ројтерс“ членови на раководството на отцепениот регион.
Ерменците во Нагорно - Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, но надвор од контролата на Баку по распадот на Советскиот Сојуз, беа принудени да прогласат прекин на огнот на 20 септември по молскавичната 24-часовна воена операција на азербејџанската армија.
Азербејџан вели дека ќе ги гарантира нивните права и ќе го интегрира регионот, но раководството на Ерменците во Карабах изјави за Ројтерс дека тие спеак ќе си заминат.
Азербејџан постојано негираше каква било намера да им наштети.
„Нашите луѓе не сакаат да живеат во рамките на Азербејџан и 9,9 отсто од нив повеќе би сакале да ја напуштат нашата историска територија“, рече Давид Бабајан, советник на Самвел Шахраманијан, претседател на Република Арцах, како што Ерменците го нарекуваат Нагорно-Карабах.
Во тој планински регион живеат околу 120.000 Ерменци, од кои многумина со месеци немаат доволно храна и гориво поради блокадата што ја наметнаа азербејџанските сили.
Бабајан рече и дека не е јасно кога Ерменците од Карабах ќе се движат кон коридорот Лачин.
Азербејџан прогласи прекин на огнот во средата, откако ги принуди Ерменците да прифатат целосно враќање на Карабах, енклава на етнички Ерменци, под контрола на Азербејџан.
Ерменија во саботата повика на итно распоредување на мисија на Обединетите Нации (ОН) за контрола на почитувањето на човековите права и безбедноста во Нагорно - Карабах, откако беше објавено пристигнувањето на помош во регионот за време на прекинот на огнот.
Амбасадата на САД ги осуди „оркестрираните“ напади врз косовската полиција

Амбасадорот на САД во Косово, Џеф Ховениер, ги осуди, како што рече, „оркестрираните, насилни напади врз косовската полиција“, кои се случија рано утрово.
Еден косовски полицаец е убиен, а двајца други се повредени во пукање изутринава во областа Звечани, на северот на Косово.
„Косовската полиција има целосна и легитимна одговорност за спроведување на владеењето на правото на Косово. Сторителите морааат да бидат и ќе бидат повикани на одговорност и изведени пред лицето на правдата“, објави Ховениер на социјалната мрежа „Х“.
Американскиот амбасадор упати сочувство и до семејството на загинатиот наредник на косовската полиција.
Косовската полиција соопшти дека во неделата во 02:34 часот било забележано дека на мостот, на влезот во селото Бањска, поминуваат два камиони без регистарски таблички, кои го блокираат преминот.
„Во близина на блокадата пристигнаа единици од Звечан и таму наидоа на отпор. Од повеќе различни позиции се пукаше со оружје, како и со рачни гранати и рачни бомби“, соопшти косовската полиција.
Оттаму посочуваат и дека оваа реакција е чин на самоодбрана и успеале да го одбијат првичниот напад за да создадат услови за пружање помош и повлекување на повредените полицајци.
Сите косовски претставници го осудија убиството на полицаецот и ја обвинија Србија за овој случај. Властите во Србија засега немаат никакви официјални соопштенија.
Тензиите на северот на Косово траат од мај, кога општините, претежно населени со српско население, не примија нови градоначалници Албанци.
Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул

Вториот товарен брод со украинско жито пристигна денеска во Истанбул преку Црното Море, и покрај заканите на Москва дека ќе ги нападне бродовите што влегуваат и излегуваат од Украина, се наведува на веб страниците кои го следат поморскиот сообраќај.
Бродот „Аројат“ кој плови под знамето на Палау тргна во петокот од Черноморска кај Одеса.
Тоа е вториот брод што помина низ тој поморски коридор.
Од страна на Киев беше воспоставен коридор долж западниот брег на Црното Море за да се заобиколи блокадата на Русија.
Според веб-страниците кои го следат поморскиот сообраќај, бродот „Аројат“ со 17.600 тони украинско жито, наменет за Египет, бил на јужниот излез од Босфор во Мраморното Море во 3 часот утринава.
Бродот треба да се упати кон Дарданелите и понатаму кон Медитеранот.
Изгаснати 30 пожари во земјава во текот на вчерашниот ден, активни се уште шест

Противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни. Во тек се активности за нивното контролирање, локализирање и догаснување, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се три пожари во општина Битола. Тие се кај селата Црничани и Лознани, каде гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде гори ниска вегетација.
И во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација.
Изгаснатите 30 пожари се регистрирани низ цела држава. Во општина Гази Баба биле изгаснати три пожара, кај село Раштак, каде била опожарена ниска вегетација и шума и во кругот на фабрика „Железара“ (ниска вегетација). Во село Брњарци горела ниска вегетација.
Во општина Кисела Вода бил изгаснат пожарот во месноста „Три круши“. Таму горела ниска вегетација и шума.
Пожарникарите го изгаснале и пожарот кај село Кондово, во општина Сарај, каде горела ниска вегеатција.
Кај село Нерези, општина Карпош горела депонија, а во Радишани, општина Бутел ниска вегетација.
Од пожарите по четири се во околината на Кичево и во околината на Куманово. Три се во околината на Струга, два во општина Крушево, по еден во Прилеп, Струмица, Македонски Брод, Штип, Кочани, Пробиштип и Брвеница (село Милетино).
Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожари.
Убиен полицаец на северот на Косово

Еден косовски полицаец е убиен, а двајца се повредени во пукање што се случило рано утринава во областа Звечани, на северот на Косово, потврди косовската полиција.
Косовскиот премиер Албин Курти исто така го потврди пукањето на социјалната мрежа „Фејсбук“, наведувајќи дека полицијата била нападната во селото Бањска и нападот го нарече терористички чин.
Курти истакна дека овој организиран криминал кој се случува е со „политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград“.
Косовскиот премиер информираше и дека убиениот полицаец бил наредник.
Останатите двајца полицајци се надвор од животна опасност и се на лекување во Приштина.
„Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружје од различен калибар кон нашата полиција. Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје“, напиша Курти на социјалните мрежи утрово околу 7.30 часот.
Тензиите на северот на Косово траат од мај, кога општините на север, претежно населени со Срби, не примија нови градоначалници Албанци.
Ситуацијата повремено ескалираше во насилство, а меѓународната заедница побара од Косово да работи на смирување на тензиите.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете