Настаните на денот низ фотографии - 23 мај 2022
Ракети и сипаници

1
УКРАИНА - Вооружените сили на Република Белорусија го интензивираат извидувањето, се распоредуваат дополнителни единици во пограничните области на регионот Хомел. Останува заканата од ракетни и воздушни напади од територијата на Република Белорусија, се вели во извештајот на украинскиот Генералштаб за ситуацијата на 23 мај.

2
УКРАИНА - Корпорацијата Старбакс соопшти дека ќе ги затвори своите 130 продавници во Русија и по речиси 15 години ќе го напушти пазарот поради војната против Украина.

3
МАКЕДОНИЈА - Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итна средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и со министрите за финансии и за труд и социјална политика, Фатмир Бесими и Јованка Тренчевска, во врска со барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

4
МАКЕДОНИЈА - Рускиот дипломат во Канцеларијата на Обединетите Нации во Женева, Борис Бондарев, поднесе оставка, откако претходно испрати писмо до неговите странски колеги во кое зборува против, како што вели - агресивната војна што ја започна претседателот Владимир Путин во Украина.