Настаните на денот низ фотографии - 20 мај 2022
Спојување и раздвојување

1
ГЕРМАНИЈА / РУСИЈА - Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и германскиот бизнисмен Матијас Варниг најавија оставки од бордот на директори на рускиот државен нафтен гигант Роснефт, соопшти компанијата на 20 мај.

2
БУГАРИЈА - Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

3
МАКЕДОНИЈА - Владата на денешната седница го усвоила предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година.

4
ТУРЦИЈА - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека имал опсежен разговор со холандскиот премиер Марк Руте за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, јави Анадолија.