Настаните на денот низ фотографии - 29 април 2022
Камчев, Бекер, порнографија...

1
МАКЕДОНИЈА - Бизнисменот Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор, вели шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Таа во интервјуто за Топ Тема што ќе биде емитувано вечерва на телевизија Телма појаснува дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра на државниот буџет преку УЈП.

2
МАКЕДОНИЈА - Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава, односно над 53 илјади луѓе, имаат двојно државјанство, Најголем дел од нив, околу 37 проценти, освен македонско, имаат и бугарско државјанство, соопшти Државниот завод за статистика.

3
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Пратеничката група на конзервативците во британскиот Парламент го суспендираше пратеникот Нил Париш, кој е под интерна истрага по обвинувањата дека гледал порно на својот мобилен телефон во Долниот дом на Парламентот.

4
Cuba -- Former German tennis player Boris Becker smokes a cigar during the closing ceremony of the 15th Cuban Havana Cigar Festival in Havana, March 2, 2013