Достапни линкови

Дали Европа ќе ја види најголемата воена офанзива од Втората светска војна?


вежби за обука на амфибиски напад што ги организираа вооружените сили на Русија и Белорусија
вежби за обука на амфибиски напад што ги организираа вооружените сили на Русија и Белорусија

Обемот на руската воена мобилизација во близина на границите на Украина ги зголеми грижите на Западот од можна инвазија. Негирањата на Русија дека планира да изврши инвазија сепак се прикриени со закани, вклучително и дека Москва повеќе не може да го „толерира“ ширењето на НАТО кон исток.

Во јуни 1914 година, европските пазари на акции и обврзници едвај реагираа на атентатот на надвојводата Франц Фердинанд, наследник на тронот на Австрија. Дури кон крајот на јули, кога големите сили беа во последните денови на мобилизација за Првата светска војна, инвеститорите ја сфатија опасноста и покажаа паника.

Наглите потези во вторникот во цената на украинските и руските обврзници скоро беа во ист размер, но одразуваа слично нагло сфаќање за тоа колку близок можеби станал евентуалниот голем конфликт во источна Европа, се наведува во текстот на новинската агенција Ројтерс.

Бајден предвидува дека Русија „ќе направи чекор“ во Украина

Иако имаше пораст на руските акции во средата, а рубљата го врати изгубеното место во однос на американскиот долар, државниот долг на Украина сега во меѓународните обврзници е со најлоши резултати во светот, што ја нарушува нејзината способност за задолжување.

За Украина, ова претставува уште еден проблем, покрај руските трупи, тенкови и разновидно оружје во близина на нејзините граници, а да не зборуваме за сајбер нападите минатата недела што ги обезличи владините веб-страници и го предупреди населението „да се плаши и да го очекува најлошото“.


Обемот на руската воена мобилизација во близина на границите на Украина почна да ги зголемува грижите на Западот од можна инвазија. Негирањата на Русија дека планира да изврши инвазија беа придружени со малку прикриени закани, вклучително и дека Москва повеќе не може да го „толерира“ ширењето на НАТО кон исток, но со и подиректни предупредувања до Украина.

Според американскиот тинк-тенк Центар за стратешки и меѓународни студии, ако Русија тргне во акција со сите сили што ѝ се на располагање - над 120.000 војници на границата, - тоа ќе биде најголемата воена операција преземена од Русија од битката кај Берлин во 1945 година.

Грабање територии?

Тоа, исто така, би ја направило, според повеќето мерки, најголемата воена операција преземена во Европа - секако поголема од онаа во балканските војни од 1990-тите или војната на Русија со Грузија во 2008 година, во која учествуваа најмногу околу 80.000 војници.

Тоа што руската војска повторно се активира за време на претседателот Владимир Путин е знак на фрустрација, а можеби и на тоа дека ова може да го искористи за да се обиде да го врати геополитичкото влијание на Русија.

До минатата недела, најверојатното сценарио во случај на воена акција сè уште изгледаше како релативно ограничена руска инвазија долж териториите контролирани од сепаратистите во источна Украина што ги зазеде во 2014 година и полуостровот Крим, кој Русија го анектираше таа година.

Таквиот ограничен грабеж на територии ќе ѝ овозможи на Русија да го заземе водниот канал што го снабдува Крим што беше блокиран од Украина во 2014 година, а исто така потенцијално ќе ѝ овозможи на Москва да ги поврзе тие територии со регионот на Придњестровје, кој е контролиран од руските трупи, во Молдавија.

Но, Русија сега почна да се подготвува за заеднички воени вежби во Белорусија со поместување војници на белоруска почва. Белорусија е руски сојузник и имањето војници на нејзина територија ќе ѝ овозможи на Москва да ја нападне Украина од север, потенцијално зголемувајќи ја нејзината способност побрзо да му се заканува на главниот град Киев.

Некои про-Кремљ коментатори велат дека Москва научила лекции од двете војни што ги водеа Соединетите држави во Ирак и Авганистан, па затоа ќе се обиде да избегне скапа окупација на целата земја со организирање поограничена офанзива, со воздушни напади наменети за разбивање на украинската војска.

САД ја зголемуваат воената помош за Украина додека растат тензиите со Русија

Други поддржувачи на Путин долго време бараат Русија да го окупира она што тие го нарекуваат „левиот брег на Украина“ - целата земја западно од реката Днепар. Тоа е многу поголем грабеж на територии отколку што во моментов предвидуваат повеќето аналитичари, што најверојатно ќе наиде на тежок украински отпор, веројатно поддржан од Соединетите држави и нивните сојузници.

Без туркање

Без разлика дали ќе дојде до војна или не, во последниот месец Русија недвосмислено ја искористи заканата од воена акција за да ја ребалансира европската геополитика во свои интереси.

Во последната деценија, Русија користеше големи годишни воени вежби за да сигнализира пософистицирани способности, вклучително и за командување и контрола на масовните сили.

Секоја офанзива во Украина би ги тестирала тие способности, од потенцијални амфибиски влегувања во Црното Море до воздушни напади. Претходните руски жртви претрпени во Украина и Сирија му нанесоа политичка штета на Путин, а тоа може да му даде причина да избере да употреби огромна сила сега. Тоа сепак нема да биде лесно за Русија.

Украина можеби сака да биде подобро вооружена од страна на нејзините американски и европски сојузници - долго време бараше американски ракети за воздушна одбрана Патриот - но тоа не се случи.

Со Украина надвор од НАТО и немање корист од членот 5 на Алијансата за безбедносни гаранции, кои бараат од земјите членки да бранат некоја што ќе биде нападната, Соединетите Држави и нивните европски сојузници јасно ставија до знаење дека веројатно нема директно воено да интервенираат доколку Русија нападне.

Вашингтон веќе испрати противтенковски ракети Javelin за да ја зајакне украинската војска. Како друг знак дека заканата од напад се смета за неизбежна, Британија испрати слично оружје оваа недела, а првите испораки беа испратени неколку часа по објавувањето.

Позицијата на Русија, исто така, нашироко се смета за сигнализирање на нејзината поголема потенцијална подготвеност да користи воена сила на друго место. Тоа веќе ја натера Естонија да бара повеќе војници на НАТО, додека Шведска го гарнизонира својот балтички остров Готланд откако руските амфибиски бродови дојдоа во блиските води.

САД ја обвинија Русија дека подготвува операција под „лажно знаме“ во Украина

Она што пазарите само го сфаќаат е колку широки би можеле да бидат импликациите. Долгот на Русија, исто така, станува поскап - инвазијата може да доведе до тоа во голема мера да биде исклучена од меѓународниот финансиски систем, но исто така може да ги прекине испораките на руски гас во континентална Европа, со што веќе растечката инфлација и трошоците за живот ќе се зголемат и ќе предизвика нови политички кризи.

Конфликтите толку големи како овој може да го променат светот на неочекувани начини, но настаните околу Украина може да бидат знак за работите што доаѓаат. Кина гледа, а некои набљудувачи мислат дека можеби за извесно време би можела да тргне против Тајван. Ризиците и потенцијалните последици од таквиот потег би можеле да бидат уште поголеми од сегашните.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG