Достапни линкови

Тензично во Цетиње во пресрет на устоличувањето на митрополитот Јоаникие

Противниците на устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски на СПЦ Јоаникие во Цетиње поставиле блокади на еден километар пред влезот во Цетиње од правец од Подгорица.
Од Подгорица кон Цетиње се движат многу автомобили кои сакаат да стигнат на протестот против устоличувањето на Јоаникие кое треба да се одржи утре во Цетињскиот манастир.
Полицијата повремено ги запира автомобилите. Граѓани успеале да пробијат неколку полициски блокади на влезот во Цетиње.
Во центарот на Цетиње има силно полициско присуство.
На устоличувањето на новиот митрополит на СПЦ во Црна Гора Јоаникие во Цетињскиот манастир се спротивставуваат црногорските национални организации, локалната власти и најголем дел од опозициските партии, меѓу која и партијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
За нив устоличувањето на Јоаникиј во Цетињскиот манастир значи навестување за „окупација“ на Црна Гора и воведување на земјата во „српски свет“. Тие со денови бараат чинот на устоличување да се изведе во кој било друг град во Црна Гора, само не во Цетиње, кој е културно-историски центар на Црна Гора.
Цетињскоиот манастир е седиште на црногорско-приморската Митрополија на СПЦ.

Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG