Достапни линкови

Авганистански бегалци на граничните премини со Пакистан и Иран

Стравот од владеењето на Талибанците предизвика десетици илјади Авганистанци да ја напуштат земјата. Многумина влегуваа во Пакистан преку југоисточната провинција Кандахар во Авганистан.

Но, на 2 септември, пакистанскиот министер за внатрешни работи објави дека граничниот премин во Чаман ќе биде привремено затворен.

Пред објавувањето, овој премин беше единствената меѓународна гранична станица која им дозволуваше на сите Авганистанци да излезат само со лична карта издадена од државата.

На граничниот премин Доукарун меѓу Авганистан и Иран излезот за Авганистанците бил ограничен само за оние со визи издадени од авганистанската влада пред да падне на 15 август или оние со врски со моќни авганистански лидери.

Еве поглед на ситуацијата на граничните ирански и пакистански гранични премини претходната недела.

Вчитај повеќе

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Категории

XS
SM
MD
LG