Достапни линкови

Вести

Еден починат и 17 новозаразени од ковид

Вакцинација против ковид во Скопје.

Во последните 24 часа регистрирани се 17 нови случаи на ковид-19, од направени 2.896 тестирања, соопшти Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните случаи во Тетово се 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти.

А има и едно починато лице од Скопје на 70 години, кое починало во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјва од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Во меѓувреме во државата се одвива и вакцинацијата против ковид-19. Според податоците на Министерството за здравство заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани.

види ги сите денешни вести

Пенов гледа политичка позадина во протестите на приватните превозници

Протест на приватните превозници на автобуси во Скопје

Протестите на приватните автобуски превозници во Скопје имаат политичка позадина, но Владата сепак мора да посвети внимание на тој проблем, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

„Овој тип на блокади заради економски долгови испишуваат политичка позадина, сите можеме да го видиме „Гласот на светлината“ од 2005 година, бидејќи за, не знам, милион евра долг, страдаат сите скопјани и сите што доаѓаат во Скопје, тоа е неразумно, рече Пенов гостувајќи во вечерашната емисија „Вин Вин“ на телевизија Телма, алудирајќи на протестите на невладината организација против тогашната продажба на државната ЕСМ.

Пенов додава дека целата ситуација создава една голема непријатност за целосното функционирање и Владата ќе мора да посвети внимание и да го реши.

Приватните превозници најавија протест за утре со блокирање на една лента од скопската улица „Илинденска “ на потег од Владата до „Ми-Да Моторс“.

Блокадата може да продолжи и во текот на викендот доколку не се слушнат нивните барања, а доколку не се постигне договор, од понеделник ќе има целосна сообраќајна блокада на крстосницата кај „Мавровка“, „Црвен Крст“ и улицата „Илинденска“, соопшти координативното тело на приватните превозници.

Последните препирки за скопскиот автобуски превоз, кои кулминираа со одземање на дозволите на двата приватни превозници, донесоа многу гужви и нервози кај скопјани.

Договорот на приватните превозници Мак експрес и Слобода превоз е раскинат поради „неисполнување на обврските“.

Од Градот велат дека работат на нов јавен повик со кој досегашните превозници ќе можат директно и индивидуално да аплицираат за да добијат линија за автобуски превоз. Досега ова можеше да го прават само здружено, преку компаниите за пакет линии. Новите договори, како што најави градоначалничката Данела Арсовска, ќе имаат и нови услови, пред се во делот на еколошките стандарди.

Приватните превозници пак побараа оставка од Арсовска.

Спасовски: Има осомничени за дојавите за бомби во скопските училишта

Macedonia - Oliver Spasovski, Minister of Interior

Имаме веќе лица кои се осомничени за лажните дојави за поставени бомби во училишта и веднаш по потврдувањето на овие факти ќе работиме заедно со Обвинителството, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој појасни дека речиси сите електронски испратени пораки се исти, иако „има варијација на тема во однос на оваа активност“.

„ Најавив дека истрагата во овој дел е сосема при крај, се очекуваат потврди на одредени факти, а тоа се многу важни детали. Имаме веќе лица кои се осомничени и веднаш по потврдувањето на овие факти ќе работиме заедно со Обвинителството. Ќе се дадат насоки од Обвинителството. Ова е терористички акт и многу не се размислува кога посегнувате по вакви активности. Тоа беше случајот и со нападот на Собранието, рече Спасовски.

Се трошат ресурсите на МВР, вели Спасовски, а најважно е што се предизвикува вознемиреност. Порача дека која и да е причината што внесува таков раздор и несигурност кај граѓаните и ги троши ресурсите, сторителите мора најстрого да бидат казнети.

„Ова се хибридни напади и тие напади знаат сега да бидат и многу поопасни би рекол и од конвенционалните. И тоа е целта на овие напади да предизвикаат несигурност кај граѓаните, паника, страв, да предизвикуваат нестабилност во државата, во институциите, да подгреваат одредени тензии“, вели министерот.

Спасовски, меѓу другото, оцени дека ова се случува затоа што геостратешката положбата и испреплетувањето на геостратешките интереси се посебно важни.

„ Ние не сме изолиран случај“, потенцира Спасовски.

Се вршат сите проверки по пријавите за бомби и таа првична наша констатација на крајот се потврдува – дека станува збор за лажни дојави, но постои протокол што мора да биде до крај испочитуван, во смисла на евакуација и целосна проверка, додава тој.

Денеска беа евакуирани 11 скопски училишта поради лажна дојава за поставени бомби. Од нив две беа оснони училишта и девет средни училишта.

Ерменија и Унгарија ќе ги обноват дипломатските односи по 10-годишна суспензија

Арфивска фотогарфија од азербејџанскиот воен офицер Рамил Сафаров кој во Букурешт беше осуден на доживотен затвор поради убиство на ерменски офицер

Ерменија и Унгарија се договорија целосно да ги обноват дипломатските односи прекинати во 2012 година, откако Унгарија го екстрадираше во Баку азербејџанскиот воен офицер Рамил Сафаров. Сафаров во тоа време отслужуваше доживотна затворска казна во Унгарија поради убиство со секира на ерменскиот офицер Гурген Маргаријан во 2004 година за време на курсевите за обука на НАТО.

Ерменското Министерство за надворешни работи на 1 декември соопшти дека ерменскиот и унгарскиот министер за надворешни работи, кои се состанаа во Полска, ја изразиле својата намера да отворат ново поглавје во ерменско-унгарските односи.

Лажни се дојавите за бомба во скопските основни и средни училишта

Лажни се дојавите за бомби во двете основни училишта, и девет средни училишта потврдуваат од МВР. Во вкупно 11 скопски училишта денеска беа евакуирани учениците и вработените од кои девет средни и две основни училишта по дојави за поставена бомба.

Дојавите за поставени бомби биле испратени на електронските пошти на средните училиштата „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

Лажна дојава за поставена бомба за прв пат денеска имаше во основните училишта „Кочо Рацин“ на Водно во општина Центар и во „ Петар Поп Арсов“ во Карпош 4.

„На 01.12.2022 година околу 15:20 часот добиена е пријава и од едно основно училиште дека на електронската адреса на училиштето стигнала закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

Од општината Центар велат дека откако на мејл адреса на основното училиштето „Кочо Рацин“ е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, по што полициски службеници веднаш го евакуирале училиштето.

„Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Ова е прва дојава за бомба во основно училиште“, се наведува во соопштението .

Владата се откажа од прогресивното оданочување

Се укинува концептот на прогресивно оданочување што требаше да стартува од први јануари и продолжува примената на оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10 отсто. Ова го изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција за Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025). Ковачевски најави поправеден даночен систем и еднаков третман на сите даночни обврзници, но и данок на екстра профит за големите компании.

Премиерот изјави дека нема да се зголемат ниту на другите даноци, како ДДВ и данокот на добивка, и нема да се воведе данок на каматите од депозити и штедни влогови. За хонорарците, тој кажа дека доколку сакаат, на доброволна основа, односно по сопствена волја, ќе можат самостојно да ги регулираат придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

„Имајќи ја во предвид природата на нивната работа каде нема постојана динамика на ангажмани и заработка, она што се предлага е креирање на дигитална платформа на која хонорарците ќе можат да се регистрираат и да изберат од неколкуте опции со кои би имале здравствено и пензиско осигурување, повторувам на доброволна основа“, кажа Ковачевски за нив.

Премиерот додаде дека ова решение би се имплементирало преку посебен закон за социјално осигурување на доброволна основа, кој би се применувал од 01.01.2024 година и тоа по развој и имплементација на платформата за регистрирање на т.н. фриленсери.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вели дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две недели за време на празници.

„Сакаме да им дадеме можност пред се за граѓаните со понизок социјален стандард за време на празниците да си дозволат да слават, а да не плаќаат данок. Мислам дека како општество можеме да си го дозволиме тоа“, изјави Бесими.

Бесими во август тврдеше дека се потребни промени во данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност, како и во даночната политика во областите на акцизите и зеленото оданочување.

РСЕ го осудува потегот на Талибанците за замолчување на независните медиуми

Илустрација

Талибанците денеска ја отстранија програмата на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ) од мрежите за пренос на радио во Авганистан. РСЕ ја осуди одлуката на владата во Авганистан предводена од Талибанците да го прекине емитувањето во 13 авганистански градови и најави дека ќе продолжи да емитува програма надвор од земјата и покрај потегот.

Претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај изјави дека Радио Азади е спас за десетици милиони Авганистанци, што ја прави одлуката на Талибанците уште потрагична.

„РСЕ нема да ја промени нашата уредничка политика за да ги задоволи барањата на Талибанците со цел да остане во етерот. Од искуство знаеме дека нашата публика вложува големи напори за да не најде. Вистината не може целосно да се потисне“, изјави Флај.

Со децении, авганистанскиот сервис на РСЕ, локално позната како Радио Азади, е дел од секојдневниот живот во Авганистан, вообичаено се слуша на јавни места, од пазари до такси.

„Од искуство знаеме дека нашата публика прави големи напори да не пронајде“, Вистината не може целосно да се потисне“, вели Флај.

Официјален претставник на Министерството за информации на владата предводена од Талибанците, Абдул Хак Хамад на Твитер објави дека емитувањата на медиумите финансирани од САД на FM радиото биле прекинати во 13 градови. Гласот на Америка (VOA) соопшти дека и нивните преноси исто така биле прекинати.

И покрај значителниот притисок од талибанците, РСЕ продолжува да обезбедува покривање на сториите потиснати од државните медиуми. Радио Азади им даде платформа на најранливите , на жените и девојките, жртвите на насилен екстремизам, ЛГБТКИ+ заедницата и младите, за да ги споделат своите искуства.

Според групите за застапување на слободните медиуми, откако Талибанците ја вратија власта во Авганистан во август 2021 година, владата изврши притисок врз независните медиуми. Многу новинари биле малтретирани или затворани, а медиумските работници добиле забрана за работа.

По преземањето на Талибанците, РСЕ го затвори своето биро во Кабул, но Радио Азади продолжува да ги покрива настаните игнорирани од државните медиуми.

Авганистанки го ризикуваат животот во тајно училиште во Кабул
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Авганистан е едно од најопасните места во светот за новинарите, а новинарите на РСЕ ја платија крајната цена за нивната посветеност на слободен печат, се вели во соопштението на РСЕ. Во 2018 година, тројца новинари на Радио Азади -- Махарам Дурани, Абадула Хананзаи и Сабавун Какар, загинаа при самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Во 2020 година, Мохамад Илјас Даје беше убиен во целен бомбашки напад.

Поради притисоци и економски проблеми, десетици приватни телевизии, радио и печатени медиуми ја прекинаа својата работа во Авганистан, оставајќи стотици новинари и медиумски работници без работа.виен

Ескобар: Ќе се спроведе одлуката за формирање Заедница на српски општини

специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар

Одлуката за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) на Косово ќе биде спроведена. Ова го изјави денеска специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар на онлајн-конференција организирана од Атлантскиот совет.

Тој изјави дека тоа е една од обврските во рамките на дијалогот меѓу Србија и Косово под покровителство на Европската унија (ЕУ).

„Тоа е правно обврзувачка одредба. Тоа е правно обврзувачко за Србија, за Косово и за ЕУ, и токму затоа што го поддржуваме дијалогот, тоа е и наша обврска. Така да, треба да се спроведе и ќе се спроведе“, изјави Ескобар.

Тој рече дека се надева оти Владата во Приштина „ќе го гледа тоа како можност“ и посочи дека во Европа постојат модели кои овозможуваат колективни права на малцинствата.

Ескобар ја истакна поддршката на САД за Косово, велејќи дека нема земја во светот која го поддржува Косово повеќе од САД. Тој се осврна на критиките од Приштина дека се врши притисок врз Косово, а во исто време се спроведува политика за задоволување на Белград.


Формирањето на ЗСО беше договорено со Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина од 2013 година, но актуелниот премиер на Косово, Албин Курти, смета дека општините не можат да се организираат според етнички принципи.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е на мислење дека формирањето на ЗСО е услов за враќање на српските претставници во косовските институции, додека премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека враќањето на Србите за институциите не може да биде политичко, туку правно и уставно прашање.

За улогата на САД во дијалогот и преземањето на водечка улога Ескобар зборуваше и за неодамнешниот договор меѓу Србија и Косово за регистарските таблички и улогата на САД во преговарачкиот процес.

„Сметам дека договорот постигнат од Србија и Косово за регистарските таблички минатата недела е важен за намалување на тензиите. Нашиот став отсекогаш бил дека наместо да работиме на поединечни прашања кои создаваат тензии, сите овие прашања да бидат дел од дијалогот спонзориран од ЕУ. “, рече Ескобар.


Ескобар истакна дека смета оти дијалогот треба да се води во ЕУ, имајќи предвид дека сите земји од регионот имаат аспирации за членство во ЕУ.

На прашањето дали има рок Србија и Косово да постигнат договор за нормализација, Ескобар рече дека би било добро да се постигне договор „што е можно поскоро“.

„Замрзнат конфликт никому не му одговара“, рече Ескобар.

Руски „Гаспром“ ја укинува заканата за прекин на снабдувањето со гас на Молдавија

Архивска фотографија

Рускиот државен производител на гас „Гаспром“ ја повлече заканата за намалување на испораките на гас за Молдавија од 28 ноември, но рече дека го задржува правото да ги намали или запре протокот во иднина доколку Молдавија не ги изврши договорените плаќања, јавува новинската агенција Ројтерс.

Минатата недела Гаспром ја обвини Украина дека ги запира испораките на гас што минуваат низ земјата на пат кон Молдавија, нешто што Киев го негираше и рече дека може да започне со намалување на тие текови од 28 ноември.

Цените на европскиот гас се зголемија минатата недела поради заканата на Газпром да го намали протокот кон Молдавија, бидејќи рутата за снабдување преку Украина е последниот функционален руски гасен коридор кон Европа.

Снабдувањето со гас е постојан извор на тензии меѓу Русија и Молдавија. „Газпром“ тврди дека поранешната советска република и должи околу 9 милијарди долари, долг што се акумулирал со децении поради неплаќањата од отцепениот молдавски регион Придњестровје, каде што се стационирани околу 1.200 руски војници

Уставен суд одлучи: Недела е неработен ден и времена мерка за ДУП во општина центар

Недела ќе остане неработен ден, пресече денеска Уставниот суд. Судиите ја отфрлија иницијативата на Стопанската комора која го оспоруваше законот во кој се уредува правото на работниците да не се работи во недела, освен во дејностите кои се исклучок. Според Уставниот суд неосновани се наводите на Комората.

Уставниот суд денеска одлучи да го укине членот од Законот за социјална заштита во делот „најдоцна до 65 годишна возраст“ кој оневозможуваше лицата со попреченост над 65 години да остварат право на надоместок поради попреченост.

Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.

Според уставните судии со оваа одредба од законот е повреден уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред Уставот.

Уставниот суд донесе одлука и за времена мерка со која се запираат сите активности во општина Центар за деталниот урбанистички план од 2014 година во Градска четврт Ј07 , во кои припаѓа и градежната парцела на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ во парк шумата Водно.

Иницијативата е поднесена од граѓанин на Центар во февруари лани. Со овој план се утврдени условите за градба за Старо Водно, Долно Водно, локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Мало Курило, Тасино Чешмиче и Цвеќара.

Времената мерка, како што појаснуваат од Уставниот суд, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката со која е донесен ДУП-от односно изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на одлука со 11 гласа „за“.

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на изборот на претседател на Собранието и за првиот заменик претседател на Владата.

„Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја отфрли иницијативата со која беше оспорена одлуката за избор на претседател на Собранието до 2 мај 2017 година, бидејќи таа одлука нема карактер на пропис, туку со неа се врши конкретен избор. Членот 110 од Уставот јасно утврдува дека Уставниот суд одлучува за согласност на законите со Уставот и согласност на другите прописи и колективни договори со Уставот и законите, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Беловска изјави дека во среда на 7 декември и истекува мандатот на уставната судијка Валентина Маркудова.

„Уставниот суд апелира Собранието да ги избере останатите судии, еден предлог треба да дојде од Судскиот совет, односно тој да биде избран од редот на судиите, “ вели Беловска.

Засега Уставниот суд функционира со 7 од потребните 9 судии.

Контејнер со контамирана земја од Охис замина за Германија

Илустрација

Контејнер со контаминирана земја ископана од малата депонија со линдан во Охис денеска тргнува за Германија. Ова го изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини откако направи обиколка на локацијата во „Охис“ каде што е спакувана контаминираната земја од малата депонија.

По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“ денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана и спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад.

Министерот Нуредини објасни дека со ова денеска завршуваат активностите во кои учествуваше UNIDO. Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS.

Досега се вкупно ископани, спакувани и извезени 960 тони HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени.

Евакуирани осум скопски училишта по дојави за поставена бомба

Во осум скопски средни училишта денеска се евакуирани ученици поради нови дојави за поставени бомби. За прв пат пристигнала и дојава за поставена бомба во основното училиште “Петар поп Арсов”. Основното училиште во Карпош е евакуирано, а како и во останатите училишта, полицијата врши проверки.

„На 01.12.2022 година околу 15:20 часот добиена е пријава и од едно основно училиште дека на електронската адреса на училиштето стигнала закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

Дојавите за поставени бомби биле испратени на електронските пошти на средните училиштата „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

Од МВР велат дека веднаш по добиените пријави се преземени мерки за евакуација на училиштата.

„Во тек се и антитерористичките проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Денешните дојави за поставени бомби во дел од скопските училишта следуваат по пауза од две недели. Последниот пат кога училиштата во главниот град добија закани за поставени експлозиви во своите објекти беше на 16 ноември. Тогаш се утврди дека сите седум дојави за поставени бомби во скопските училишта се лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неодамна запрашан дали има симболика тоа што дојавите на бомби се случуваат само во среда, четврток и петок, рече дека не само што се случуваат во последните три дена во работната недела туку дека тие се случуваат кога наставата ја следи една иста смена со ист наставен кадар.

Брисел е длабоко загрижен поради неусогласувањето на Србија со надворешната политика на ЕУ

Жозеп Борел

Европската унија е длабоко загрижена поради назадувањето на Србија во однос на усогласувањето со европската надворешна политика, се наведува во нацрт-заклучоците што треба да бидат усвоени на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во декември 13 „Советот (ЕУ) длабоко жали за назадувањето на Србија во усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено поради неусогласувањето со санкциите на ЕУ против Русија и Белорусија, како и нејзините надворешнополитички дејствија спротивни на заедничкиот пристап на ЕУ“, стои во текстот во кој увид имаше Радио слободна Европа (РСЕ).

Опозициската ССП поднесе предлог резолуција за воведување санкции против Русија

Заклучоците го истакнуваат „силното очекување" на Унијата Србија да ги исполнува своите обврски во рамките на преговарачката рамка и да го зајакне усогласувањето со заедничките надворешни и безбедносни позиции и рестриктивни мерки на ЕУ како прашање од највисок приоритет. Како што е наведено во нацрт-заклучоците, министрите на ЕУ ќе го поздрави фактот што новата влада на Србија како стратешка цел ја потврди интеграцијата во ЕУ, но ќе се бара оваа афирмација да ја докаже со конкретни активности.

ФИФА дозволи транспаренти за поддршка на иранските демонстранти на Светското првенство

ФИФА даде дозвола за истакнување на транспаренти за поддршка на протестите во Иран и на предмети со бои на виножито на фудбалскиот турнир на Светското првенство во Катар - откако оваа земја од Блискиот Исток беше елиминирана од натпреварувањето. Од почетокот на Светското првенство на 20 ноември, персоналот за обезбедување на стадионот организиран од катарските власти конфискуваше предмети со бои на виножитото и слогани како „Жени. Живот. Слобода“.

Спорт и политика - Пет „сензитивни“ натпревари на Мундијалот во Катар

За време на натпреварите во кои учествуваше иранската репрезентација, на иранските гледачи не им беше дозволено да носат облека со слогани за поддршка на повеќемесечното протестно движење во Иран предизвикано од смртта во полицискиот притвор на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена во септември за „неправилно“ носење шамија или хиџаб. Најмалку 459 демонстранти досега се убиени од безбедносните сили за време на немирите во Иран, меѓу кои 64 малолетни, според активистичката агенција ХРАНА.

Знамето со Косово како дел од Србија „го префрли акцентот“ од фудбалот

Во првата недела од турнирот, на седум европски екипи, вклучително и Велс, ФИФА им забрани да носат повеќебојни ленти „One Love“ за време на натпреварите на Светското првенство, а некои навивачи се пожалија дека не им било дозволено да носат предмети со бои на виножитото, симбол на ЛГБТК правата, на стадионите на конзервативниот исламски емират. „ФИФА продолжува тесно да соработува со земјата домаќин за да обезбеди целосна имплементација на поврзаните регулативи и договорените протоколи“, соопшти ФИФА.

Шпанија ја засили безбедноста по бранот на писма-бомби

Осомничена експлозивна направа скриена во плик испратена до воздухопловната база Торехон де Ардоз

Шпанија ја засили безбедноста на јавните и дипломатските згради откако низа писма-бомби беа испратени на цели, вклучително и шпанскиот премиер Педро Санчез и украинската амбасада, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека „писмо со пиротехнички материјал“ адресиран до Санчез бил примен на 24 ноември. Уредот бил „сличен“ на последователните пакети што ги примиле украинската амбасада и шпанска фирма за оружје во средата, се вели, и уред пресретнат во шпанската воздухопловна база Торехон де Ардоз во раните утрински часови денеска.

Експлозија во Амбасадата на Украина во Мадрид, едно лице повредено

Првото писмо-бомба беше примено и отворено од службеник за безбедност во украинската амбасада вчера и експлодираше, нанесувајќи му полесни повреди на службеникот. По првиот инцидент, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на сите амбасади на Киев во странство „итно“ да ја зајакнат безбедноста и ја повика Шпанија да го истражи нападот, изјави портпаролот на украинското министерство.

Утре делумна блокада на „Илинденска“, в понеделник целосна на три крстосници

Протест на приватните превозници на автобуси во Скопје, 28 ноември

Приватните превозници утре од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе го блокираат булеварот Илинден од пред Владата до крстосницата кај МИ-ДА. На тој потег се наоѓа седиштето на Град Скопје.

Приватните автобуси од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои беа дел од јавниот превоз во главниот град утре ќе го блокираат сообраќајот на десната лента од Илинденска, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на прес-конференција.

Советот на Град Скопје без одлука за проблемот со приватните автобуски превозници

Превозниците бараат да им се исплати долгот од 1,3 милиони евра, што, како што велат, им го должи Јавното сообраќајно претпријатие, односно Град Скопје.

Доколку и во меѓувреме нема резултати, за в понеделник најавуваат дека ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“.

Приватните автобуси претходно на 28 ноември го блокираа сообраќајот кај Мавровка.

Протест на приватните превозници: Исполнување на барањата или уште поголема блокада

Во октомври имаше проблем и со платите на вработените во ЈСП-Скопје, па и тие еден ден не возеа бидејќи имаа колективен штрајк. Исто така поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП, престанаа да сообраќаат и автобусите на вториот приватен превозник „Макекспрес“, па овие линии во меѓувреме беа заменети со автобусите на ЈСП.

Вчитај повеќе

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG