Настаните на денот низ фотографии - 8 март 2021
Од лидери до хакери
5
ЕУ - Европскиот банкарски регулатор денеска соопшти дека нивните сервери за електронска пошта се погодени од глобалниот напад врз Мајкрософт, за кој американската компанија обвини кинеска група.
6
МАКЕДОНИЈА - По објавата на предлогот од Комисијата за заразни болести за воведување полициски час поради зголемениот борј нови случаи на ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека тоа е потребен чекор, бидејќи последните десетина дена има зголемување на инциденцата, собири на јавни места по 22 часот, како и за да се намали притисокот врз болниците.
7
МАКЕДОНИЈА - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Италија, имал средба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Луиџи ди Мајо, на која биле разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).
8
ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА - Најмалку 15 лица загинаа, а околу 500 беа повредени во серијата експлозии во Екваторијална Гвинеја што се случија во неделата во близина на воената касарна во главниот град Бата. Експлозиите биле предизвикани од небрежност при складирање на динамит во касарната, изјави претседателот Теодоро Обианг Нгуема, пренесува Би-Би-Си.