Бегалците и мигрантите во кампот Липа протестираа во неделата за време на посетата на претставниците на властите на Босна и Херцеговина и кантонот Уна-Сана. Мигрантите престојуваат во шаторите поставени од припадниците на вооружените сили на БиХ. Во саботата, 2 јануари, мигрантите одбија храна од Црвениот крст на Бихаќка, барајќи да бидат префрлени во поранешниот логор „Бира“ во Бихаќ. Властите на кантонот Уна-Сана продолжуваат да се спротивставуваат на преместувањето на мигрантите во „Бира“, и покрај одлуката на Советот на министри на БиХ, мигрантите да бидат преместени.
Фејсбук форум