Достапни линкови

Кој решава кој ќе биде идниот претседател на САД?


Активисти со цвеќиња и пароли по претседателските избори во САД во Филаделфија, Пенсилванија, 5 ноември 2020 година.

Претседателските избори во САД често ги решава мала разлика на гласовите на Американците. За тоа во голема мера влијае посебниот изборен систем во земјата, познат како електорски.

За разлика од другите демократии, особеноста на американскиот изборен систем е во тоа што не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку кој ќе „собере“ најмалку 270 од 538 т.н. електори.

Секоја од 50-те сојузни држави „испраќа“ во Изборниот колеџ колку што има членови во Конгресот на САД, најмалку тројца. Колку за пример: Пенсилванија има 20 гласачи, Џорџија 16, Северна Каролина 15, Невада 6, а Аљаска 3.

Кандидатот што ќе победи во една сојузна држава ги „добива“ сите свои гласачи, освен во Мејн од 1972 година и Небраска од 1992 година. Во Мејн и Небраска кандидатите можат да ги поделат гласачите во зависност од резултатите на ниво на некоја изборна единица во тие држави.

пребројување на гласовите од претседателските избори во САД
пребројување на гласовите од претседателските избори во САД

Изборниот колеџ е привремена група делегати избрани само за таа еднократна цел. Откако ќе се состанат во декември и официјално го изберат претседателот, нивната функција престанува.

Значи, формално или технички, претседателот на Соединетите Држави не го избираат граѓаните, туку електори, односно посредници.

Во суштина, претседателот е избран од граѓаните затоа што електорите скоро без исклучок ја следат волјата на гласачите на сојузната држава што ја претставуваат, иако Уставот на САД не ги обврзува на тоа.

Изборниот систем носи голем број на особености и е длабоко вкоренет во американскиот федерален систем.

Овој систем е резултат на компромис од времето на основањето на државата во 18 век, бидејќи исто така задржува одредено влијание на малите сојузни држави врз резултатот од претседателските избори.

Вајоминг, државата со најмалку население во САД, околу 560.000, има тројца електори кои се поважни за резултатот отколку што би биле нејзините жители.

Противниците на институтот Изборен колеџ ја истакнуваат како најголема мана можноста за губење на изборите на претседателски кандидат кој ќе освои повеќе гласови на ниво на целата земја.

Ова се случи пет пати досега, три пати во 19 век (1824, 1876 и 1888), потоа во 2000 година и на претходните избори во 2016 година, кога кандидатката на демократите Хилари Клинтон доби околу три милиони гласа повеќе од Трамп на ниво на целата земја, но не и мнозинството од изборните гласови.

Поддржувачите на постојниот изборен систем велат дека неговото менување и укинувањето на Изборниот колеџ ќе донесе најнаселените држави, како што се Калифорнија и Тексас, да имаат одлучувачко влијание врз исходот на изборите и да ги игнорираат прашањата важни за гласачите во помалите држави.

Гласачите даваат само едно ливче на изборите, поддржувајќи ги кандидатите на една партија и за претседател и за потпретседател на Соединетите држави.

На изборите на 3 ноември тоа беа или Доналд Трамп и потпретседателот на САД Мајк Пенс или Џо Бајден и неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот Камала Харис.

Гласачките ливчиња во повеќето сојузни држави не ги содржат имињата на електорите, туку најчесто само имиња на кандидатите на партијата за претседател и потпретседател на Соединетите држави.

Од електорите се очекува, и многумина мораат да се обврзат, да гласаат за претседателскиот и потпретседателскиот кандидат на партијата во декември, кога ќе се состане изборниот колеџ.

Сепак, пред какви било неизвесни избори во Соединетите држави, се стравува дека индивидуалните избирачи на Изборниот колеџ нема да гласаат во согласност со волјата на мнозинството од сојузната држава што ги избрала или дека нема да гласаат за кандидатите што ги претставуваат.

Таквите „неверни електори“ досега немаа никакво влијание врз конечниот исход, но на претходните претседателски избори во 2016 година, нив ги имаше повеќе од кога било, дури седум. Двајца од тие седуммина го „предадоа“ од Трамп, а петмина Хилари Клинтон.

Професорката на Универзитетот во Њу Мексико, Лона Аткесон, вели дека „неверните електори“ обично гласаат за некој што воопшто не учествува на изборите и, секако, не гласаат за ривалски кандидат. Како пример, таа наведе еден од петте „неверни електори“, кои наместо за Хилари Клинтон гласаа за нејзиниот поранешен внатрепартиски ривал Берни Сандерс.

„Во некои држави, тие можат да бидат заменети ако не гласаат како што треба, но не и во други. Што и да прават, тоа се почитува. Но, тие се лојални членови на партијата, така што тоа не е веројатно“, вели Аткесон.

Иако многу федерални држави се обидуваат на различни начини да ја спречат можноста за „неверни електори“, повеќето експерти за уставно право сметаат дека електорите, откако ќе бидат избрани од гласачите, имаат уставна слобода да гласаат за кој било кандидат.

пребројување гласови добиени помпошта на изборите во САД
пребројување гласови добиени помпошта на изборите во САД

Американскиот професор по политички науки Марк Розел смета дека „неверните електори“ се интересен феномен на американскиот уставен систем, но многу редок. „Тоа е член на Изборниот колеџ кој вели: „Нема да гласам според волјата на гласачите во мојата држава, мислам дека мојата држава донесе лоша одлука и ќе гласам против волјата на мнозинството. Тоа е многу комплицирано прашање во нашиот федерализам, бидејќи повеќето држави усвоија закони со кои се забранува такво однесување од гласачи, а федералниот устав вели дека тие имаат дискреција да гласаат по своја волја“.

Врховниот суд на САД неодамна го поддржа правото на федералните држави да ги ограничат електорите и да ги принудат да гласаат во согласност со волјата на мнозинството гласачи во таа држава.

Според 12-тиот амандман на Уставот на САД, 538 избрани електори не гласаат на едно место, но тие се собираат во сојузните држави, првиот понеделник по втората среда во декември. Оваа година тоа ќе биде на 14 декември. Тие гласаат одделно за претседател и потпретседател на Соединетите држави.

Двата дома на Конгресот се собираат на заедничка седница на 6 јануари, кога се бројат и објавуваат гласовите на електорите за двете најважни функции во САД. Ако 6 јануари падне во недела, Конгресот може да избере друг датум, што беше случај во 2013 година.

Потпретседателот на САД во заминување, кој е претседател на Сенатот, ги прогласува кандидатите за претседател и потпретседател кои освоија најмалку 270 од 538 изборни гласови.

Гласовите на гласачкото тело, индивидуално или на ниво на сојузна држава, може да бидат оспорени на заедничката седница на двата дома на Конгресот, кои гласаат одделно за прифаќање или одбивање на приговорот. Доколку ниту еден кандидат не освои 270 избирачи, претседателот на Соединетите држави го избира Претставничкиот дом на Конгресот, што не се случило од 1824 година.

Потпретседателот на Соединетите држави го избира Сенатот, така што секој од 100-те сенатори има право на глас. Претседателот на Соединетите држави станува кандидат кој добива најмалку 26 гласа, односно поддршка од 26 сојузни држави во Претставничкиот дом, а потпретседателот станува кандидат кога го поддржува најмалку 51 сенатор.

Мандатот на американскиот претседател започнува на 20 јануари, а доколку Претставничкиот дом не го избере дотогаш, според 20-тиот амандман на Уставот на САД, новоизбраниот потпретседател на САД ја извршува функцијата шеф на државата до крајот на изборниот процес.

Ако ниту претседателот ниту потпретседателот на Соединетите држави не бидат избрани до 20 јануари, Конгресот со закон може да утврди кој ќе биде привремен претседател.

протест на поддржувачи на Доналд Трамп пред центар за пребројување на гласовите
протест на поддржувачи на Доналд Трамп пред центар за пребројување на гласовите


Претходно имало повеќе предлози за промена на изборниот систем и преминување кон класичниот систем, во кој ќе победи кандидатот со најмногу гласови. Но, тоа бара усвојување на ваков закон од сите федерални држави.

Кандидатите за електори обично се предлагаат на конвенции на политичките партии на ниво на сојузни држави. Тие не можат да бидат членови на Конгресот на САД или федерални претставници. Меѓу нив претежно има познати личности, а понекогаш и обични граѓани.

Изборите по традиција се одржуваат во првиот вторник по првиот понеделник во ноември, како што беше решено во 1845 година. Претходно се одржуваа во различни денови помеѓу септември и ноември.

Ноември беше избран затоа што жетвата тогаш е завршена, а на тогашното мнозинско рурално население му требаше цел ден да отпатува во главниот штаб, каде што се гласаше.

Вторник беше избран затоа што се оставал еден цел ден за патување односно понеделникот по неделата, која беше ден за одење на црква и за одмор.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG