Достапни линкови

Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ позитивна на Ковид-19


Архивска фотографија - Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија

Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на Ковид-19, потврдуваат од пратеничката група на опозициската партија. Според информациите на МИА, таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, но две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието. Името на пратеничката официјално не е соопштено.

Претходно беше објавено дека позитивни на тестот за Ковид-19 се и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Пред нив, пак, корона-позитивен беше и пратеникот Арбен Зибери, кој за изборот на Влада гласаше од посебна кабина во Собранието.

Поради случаите на Ковид-19 меѓу пратениците, СДСМ предложи позитивните да учествуваат на седниците онлајн. Претходно премиерот Зоран Заев рече дека Владата почнува со онлајн седници и дека се надева оти тоа ќе го стори и Парламентот.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по ијавата на Заев, на социјалните мрежи одбјави дека не е етички градежниците, текстилците, наставниците... физички да присуствуваат на своите работни места, а пратениците да работат онлајн.

XS
SM
MD
LG