Достапни линкови

Милошоски против онлајн Собрание, вели не е етички


Антонијо Милошоски

Од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку онлајн апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници на мнозинство од вкупниот број на пратеници, изјави денеска пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Оваа реакција доаѓа по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека очекува Парламентот да почне да работи онлајн, откако двајца пратеници излегоа позитивни на Ковид-19. Заев рече дека верува оти власта и опозицијата ќе се договорат да работат онлајн и на таков начин да биде изгласан и Буџетот и информираше дека следната владина седница ќе биде, исто така, онлајн по препорака на здравствените власти.

„Од етички аспект би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за да си ја заработат својата плата“, напиша пратеникот Милошоски на социјалните мрежи.

XS
SM
MD
LG