Достапни линкови

Заев: Владата ќе почне да работи онлајн, очекувам тоа да го стори и Парламентот


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува Парламентот да почне да работи онлајн, откако двајца пратеници излегоа позитивни на Ковид-19. Тој верува дека власта и опозицијата ќе се договорат да работат онлајн и на таков начин да биде изгласан и Буџетот и информираше дека следната владина седница ќе биде, исто така, онлајн по препорака на здравствените власти. „Владата наредната седница во вторник ќе ја има онлајн. Ние немаме сè уште лице со симптоми или заразено, но по препорака на министерот Венко Филипче и Комисијата за здравствена заштита ни беше укажано дека согласно бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници. Верувам дека и Парламентот ќе биде многу разумен и ќе ја воспостави онлајн работата затоа што тоа го направија, колку што гледам, речиси сите парламенти и во регионот и во Европа“, рече Заев.

ВМРО-ДПМНЕ со критика до Филипче, СДСМ здравствениот систем е подготвен

Тој потенцира дека многу е важно институциите да функционираат, да бидат будни за да го следат овој период кој нема да биде лесен како летниот оти гледаме дека бројките се големи. Заев рече министерот Филипче го информирал оти комплетно успешно е направена целосна организација со подготовки на резервни доктори и медицински сестри.

XS
SM
MD
LG