Достапни линкови

Пратеникот на СДСМ, Таневски позитивен на Ковид-19


Лазе Таневски

Пратеникот од СДСМ од Охрид, Лазе Таневски објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој на неговиот фејсбук профил информира дека тестирањето го направил самоиницијативно, поради неодложно приватно патување.

„Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја“, напиша Таневски. Според него, членовите на неговото семејство се негативни на тестирањето.

Тaневски е вториот пратеник кој е заболен од вирусот, откако вчера беше објавено дека пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски е примен на Инфективната клиника во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.555, бројката на оздравени пациенти е 16.099, на починати е 785, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3671.

XS
SM
MD
LG