Достапни линкови

Грција забрани летови за и од Барселона поради ковид-19


илустрација

Грција од денеска ги забранува летови за и од Барселона, соопштија здравствените власти, со цел да се спречи напливот на инфекции ковид-19. Порастот на случаи на коронавирус во последниве недели ги принуди грчките власти постепено да ги вратат ограничувањата во главниот град Атина и другите области, вклучувајќи ги и популарните острови на шпицот на сезоната на туризам. Грција, исто така, бара посетители од список на земји, вклучувајќи ги Белгија, Бугарија, Романија, Малта, Шведска, Шпанија, Албанија, Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати да покажат негативен тест на ковид-19 за влез во земјата.

Грција и натаму со затворена граница за Македонија и Албанија

Ограничувањата ќе бидат продолжени до 19 септември, изјави заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас, додавајќи дека Холандија ќе биде исфрлена од списокот. Здравствените власти исто така соопштија дека ограничувањата, вклучително и целосна забрана на празнувања, лимит од девет лица на сите јавни и приватни собири и задолжителна маска на затворени и отворени простори, се на сила од саботата на островите Закинтос и Лезбос. Во петокот, Грција пријави 270 нови случаи. Земјата има регистрирано 9.800 инфекции на ковид-19 и 259 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG