Достапни линкови

Грција и натаму со затворена граница за Македонија и Албанија


Грција ја продолжи забраната за влез на нејзина територија за уште две недели на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Северна Македонија и Албанија, јавува МИА.

Продолжувањето на мерките е дел од низата ограничувања што се продолжуваат за две седмици, а попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство.

Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Северна Македонија и Албанија истекува на 31 август, а ќе се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15 септември.

XS
SM
MD
LG