Достапни линкови

Во светот скоро 25 милиони заразени од коронавирус


Индија - жители на Мумбаи чекаат да бидат тестирани од коронависус. 10.07.2020.

Бројот на случаи на коронавирус ширум светот се ближи да надмине 25 милиони, според извештаите на новинските агенции, при што бројот на новозаразени забрзано расте во Индија.

Регистрирани се повеќе од 840.000 смртни случи во целиот свет, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс кој покажуваат дека вкупниот број на случаи во светот е нешто помалку од 25 милиони.

Индија, која е втора најнаселена земја во светот, на 30 август постави нов рекорд од 78.761 регистрирани новозаразени во изминатите 24 часа, според податоците на Министерството за здравство.

Индија има трета највисока стапка на инфекција по САД и Бразил, чија влада се подготвува за продолжување на програмата за исплата на помош дизајнирана да им помогне на луѓето да ја пребродат економската штета од пандемијата.

На другите места во светот, Јужна Кореја денеска го одбележа 17-от ден од трицифрените нови случаи, но 299-те нови инфекции беа најбавен дневен пораст во изминатите пет дена, како што соопшти Корејскиот центар за контрола и спречување на болести.

Земјата, која имаше релативно мало избувнување и 320 смртни случаи од Ковид -19, на 28 август ги прошири правилата за социјално дистанцирање во Фаза 2 за најмалку една недела и воспостави построги правила на местата од висок ризик за ширење на вируси.

XS
SM
MD
LG