Достапни линкови

Бејрут по силните експлозии

Две големи експлозии вчера разорија поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина. Според последните информации, притоа загинале неколку десетици луѓе, додека околу 4.000 биле повредени.

Експлозиите беа шокантни дури и за тој град кој беше сцена на долгогодишно бомбардирање за време на граѓанската војна, самоубиствени бомбашки напади и израелски бомбардирања. Очевидци изјавиле дека се личело како нуклеарна експлозија, објави Асошиетед Прес.

Вчитај повеќе

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG