Достапни линкови

Медведев: мигрантите виновни за растот на криминалот во Русија


Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев рече дека мигрантите во Русија вршат повеќе кривични дела во услови на масовна невработеност поради пандемијата на коронавирус. Медведев на состанокот на Советот за безбедност изјави дека околу 40 проценти од мигрантите во Русија ги загубиле своите работни места за време на пандемијата.

Ерменци и Азербејџанци се тепаат низ улиците на Москва

„Ова, се разбира, создава терен за раст на криминалот“, рече тој. Министерството за внатрешни работи на Русија на 25 јули ги обвини мигрантите за „прекумерни случаи“ на екстремизам, „грубо кршење“ на јавниот ред и неовластени масовни протести. Два дена подоцна, на 27 јули, Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека убила таџикистански мигрант за кој тврди дека планирал терористички напад во Москва. Повеќето мигранти во Русија доаѓаат од Централна Азија, а многумина работат во градежништво или чистење на градските улици и згради.

Медведев предупреди дека државата може да ги заостри правилата за имиграција, вклучително и компаниите да бидат поодговорни за постапувањето на мигрантите што ги вработуваат.

XS
SM
MD
LG