Достапни линкови

Почина филмскиот композитор Енио Мориконе


Архивска фотографија - Енио Мориконе на оскаровската церемонија во 2007 година

Во 91 година од животот почина славниот италијански композитор Енио Мориконе. Се смета за еден од највлијателните филмски композитори во 20-иот век.

„Маестро“, како што го нарекуваа, е автор на музиката за над 700 филмови и серијали, меѓу кои и антологиските „Добар, лош и грд“, „Беше еднаш во Америка“, За грст долари“, „Егзорцист“, „Недоприливите“, „Мисија“...

Енио Мориконе компонирал повеќе од 60 години. Седум пати беше номинирам за Оскар за музика, а наградата ја доби во 2016 година за филмот на Квентин тарантино, „Омразените осуммина".

XS
SM
MD
LG