Достапни линкови

Велика Британија со нова студија за ефектите од ковид-19


Луѓе со заштитни макси. Илустрација.

Велика Британија ќе издвои 8,4 милиони фунти во нова студија која треба да ги испита долгорочните ефекти на ковид-19 врз пациентите, соопшти Министерството за здравство. Вирусот кај некои пациенти предизвикува низа здравствени пробелми настрана од првичните проблеми со респираторниот систем, но кај други заразени лица кои се асимптоматски, влијанието на вирусот не е потполно јасно.

„Додека ја продолжуваме борбата против оваа глобална пандемија, сè повеќе учиме за влијанието што може да го има болеста, не само врз непосредно здравје, туку и подолгорочно врз физичкото и ментално здравје“, рече министерот за здравство Мет Ханкок.

Од Министерството за здравство соопштија дека 10.000 луѓе ќе учествуваат во студијата, која ја води Универзитетот во Лестер и болниците во градот.

За целта на студијата ќе бидат земени примероци од белите дробови и од крвта на пациентите и ќе бидат проценети со напредно снимање, а наодите ќе се користат за развој на нови форми на персонализиран третман.

XS
SM
MD
LG