Достапни линкови

МЗ: Од денеска тестови за брза дијагностика на Ковид-19


Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство денеска информираше дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

„Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција. Тестовите за брза дијагностика овозможуваат веднаш после тријажата и добивањето на резултатот за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот“, соопшти Министерството.

XS
SM
MD
LG