Достапни линкови

Што се не знаеме за ковид-19?


Пет работи што не ги разбираме за ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:28 0:00

Пет работи што не ги разбираме за ковид-19

Дали ковид-19 е респираторна болест или васкуларна? Зошто кај повеќето деца нема влијание, но неколкумина се сериозно болни? Дали има долгорочни последователни ефекти за пациентите? Ова се некои од многуте неодговорени прашања за оваа нова и мистериозна болест.

Официјални лица во Вухан, Кина, првпат пријавиja кластери за чудно ново заболување во декември 2019 година. Оттогаш, истражувачите интензивно го проучуваат новиот коронавирус Но, многу прашања остануваат неодговорени.

Како ковид-19 влијае врз телото?

Ковид-19 првично се чинеше дека е респираторна болест слична на грип.

чекање на ред пред болница за тестирање за коронавирус, Сараево, БиХ
чекање на ред пред болница за тестирање за коронавирус, Сараево, БиХ

Но, во тешки случаи, лекарите забележале симптоми кои ги вклучуваат мозокот, срцето, бубрезите и дигестивниот тракт.

Коронавирусот и животните: не се само лилјаците

Некои пациенти развиваат згрутчување на крвта, што може да предизвика мозочни удари и срцев удар.

Неврохирургот докотор Џеј Моко вели:

„Гледаме голема разновидност на мозочни удари. Гледаме згрутчување при дијализа. Гледаме згрутчување насекаде, високи стапки на згрутчување на вените на нозете. Сè уште учиме многу за ковид. Ние апсолутно не разбираме се. Ние дури и видовме млади пациенти кои се појавија во болницата, каде што мозочниот удар беше нивниот прв симптом на заболување со ковид-19“.

Затворање на дел оф кинескиот главен град Пекинг поради нови случаи на коронавирус
Затворање на дел оф кинескиот главен град Пекинг поради нови случаи на коронавирус

Некои пациенти исто така развиваат енцефалитис - воспаление на мозокот. Не е познато дали ефектите врз циркулацијата предизвикуваат некои други симптоми или дали вирусот директно напаѓа различни органи.

Зошто ковид-19 влијае различно на децата?

Во принцип, децата се помалку погодени од ковид-19 од возрасните.

„Така, се чини, од она што го знаеме сега, дека децата се помалку способни да ја шират, дури и ако се заразат и секако се изложени на многу низок ризик да се разболат од оваа болест“, вели научникот Сумија Сваминатан.

Ковид-19: Кој е најзагрозен и каде е најопасно?

Но, имало сериозни случаи кај децата кои одговараат на карактеристичната шема.

Лекарите го означија како педијатриски мултисистемски воспалителен синдром, потенцијално поврзан со ковид-19.

Деца цртаат коронавирус
Деца цртаат коронавирус

„Тие го презентираат ова, она што го нарекуваме воспалителен синдром, а тоа е поврзано со високи трески, осип, честопати абдоминална непријатност, повраќање, слични работи. А, причината зошто тие доаѓаат тука е дека тие исто така се во шок“, наведува педијатарот Стивен Керни.

Синдромот е многу редок, а неговата врска со ковид-19 не е добро разбрана. Една теорија сугерира дека некои деца имаат прекумерен имунолошки одговор на коронавирусот.

Како се шири коронавирусот?

Сè уште не е познато дали инфекциите се јавуваат главно од капки од кивање и кашлање или од ситни честички од дишењето и зборувањето.

Нови докази упатуваат на кластери на инфекции наречени „настани на супер ширење“.

„Крилести“ капи за дружба на растојание
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

Една студија покажа дека само 20% од пациентите се одговорни за 80% од новите инфекции.

Шират корона на свадби и мекици

Но, не е познато дали некои пациенти се повеќе заразни, или дали се виновни некои одредени работни места или социјални поставки.

Дали оздравените пациенти страдаат со долгорочни ефекти?

Бидејќи ковид-19 е нов, нема информации за долгорочни исходи.

Некои пациенти имаат замор и останување без здив неколку недели по првичното закрепнување.

Д-р Џеј Варки, специјалист за заразни болести на универзитетот Емори наведува:

„Како резултат на оваа пандемија на ковид-19, ќе имаме голема група преживеани кои ќе имаат низа компликации од респираторниот систем - па белите дробови - до психолошки проблеми поврзани со закрепнување од акутна болест. Точниот процент на преживеани од ковид-19 кои ги развиваат овие компликации и долгорочната прогноза остануваат нејасни. Но, се надевам дека со тек на време подобро ќе го научиме тоа и подобро ќе ги карактеризираме “.

Ако ковид 19 потрае може да ни ги смени навиките
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:17 0:00

Да се биде на вентилатор е дополнителен фактор на ризик. Оние кои се опоравуваат може да претрпат оштетување на белите дробови и бубрезите.

Дали луѓето можат да станат имуни на ковид-19?

Имунолошките системи на пациентите произведуваат антитела кои се борат со коронавирусот.

Но, никој не знае колку долго траат или колку добро штитат од повторна инфекција.

Прерано е да се каже дали е безбедно за обновените пациенти да ги игнорираат мерките за социјално оддалечување.

Руската потрага по вакцина за коронавирусот е под прашање

Пол Хантер, професор по медицина, Универзитет во Источна Англија смета:

„Речиси сигурно ќе се случи да не сте имуни цел живот. Значи, „пасош за имунитет“ денес, заснован врз тест за антитела, не гарантира дека за три, четири, пет години, сè уште сте имуни“.

Како и многу други аспекти на ковид-19, потребно е повеќе време и истражување за да се најдат дефинитивни одговори.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG