Достапни линкови

Грција на 1 јули ќе го отвори граничниот премин Евзони


Грција на 1 јули ќе ги отвори граници со Северна Македонија и Албанија, а не на 15 јуни како што првично беше најавено. Во функција ќе бидат ставени само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица), кон македонската територија. Mинистерот за туризам на Грција Харис Теохарис дека оваа одлука важи доколку сè оди добро.

Во Грција од понеделник официјално започнува туристичката сезона, копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција ќе останат затворени до 1 ви јули годинава, со исклучок на неопходните службени патувања, додека пак границата со Бугарија ќе биде отворена. Во однос на авионските летови, за периодот од 15 до 30 јуни, ќе бидат дозволени летови и од Скопје и Тирана кон атинскиот но не и кон солунскиот аеродром за основни и конкретни цели, а не и за туристи.

XS
SM
MD
LG