Достапни линкови

Лутина и фрустрација на протестите во САД


Протест, Вашингтон
Протест, Вашингтон

Соединетите држави го доживуваат својот најголем излив на протести во изминативе години по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при неговото апсење. Флојд почина откако полициски службеник во Минеаполис со колено го притискаше на задниот дел на вратот скоро девет минути на градската улица.

Болките и страдањата на Флојд беа снимени на видео од неколкумина минувачи, а нивните снимки станаа вирални на социјалните мрежи, предизвикувајќи протести најпрвин локално во Минеаполис.

Сепак, гневот брзо се рашири низ САД, при што избувнаа протести во повеќе од 140 градови.

Некаде протестите се претворија во насилство и грабеж, поради што некои држави ја разместија Националната гарда.

Зошто е проблемот толку експлозивен?

Афроамериканците со децении се жалат на неправеден третман во спроведувањето на законот, вклучително и практиката да се запре некој врз основа на неговата боја, етничка припадност, религија или пол.

Трамп ги мобилизира сите федерални ресурси за немирите

Афроамериканците сочинуваат околу 13% од американското население, но околу 60% од затворениците.

Тие ,исто така, со поголема стапка се убивани од полицијата.

Според анализата на „Вашингтон пост“, црнците сочинуваат 26% од убиените од американската полиција.

Тие сочинуваат една третина од невооружените лица убиени одполицијата.

Полицијата со солзавец против демонстранти пред Белата куќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Роналд Дејвис, поранешен директор во Министерството за правда и поранешен полицаец вели дека можеби не е случајно што толку црнци се убиени од страна на полицијата.

„Не можам да не се прашувам дали овие престрелки, без оглед на нивната законитост, произлегуваат од имплицитниот страв на нашето општество од црните луѓе, расизмот или комбинација на сето ова“, рече тој во септември лани во Конгресот.

Што се случува со полицајците вклучени во пукање?

Белите полициски службеници постојано не се прогласуваат за виновни за убиство или за употреба на прекумерна сила против црните луѓе дури и кога видео доказите поинаку сугерираат, што доведува до широко распространето верување во Афроамериканската заедница дека правосудниот систем во земјата е пристрасен.

Градоначалникот на Њујорк бара реформи на полицијата

„Фреквенцијата на овие убиства и отсуството на целосна одговорност на одговорните им испратија порака на припадниците на заедницата на Афроамериканците дека црните животи не се важни“, изјави американскиот конгресмен, демократот Џери Надлер за време на септемвриското сослушување во Конгресот за полициската политика.

Џери Надлер
Џери Надлер

Надлер го позајми изразот од движењето кое се појави во 2013 година, откако шеф на стражата во една станбена заедница во Флорида не беше прогласен за виновен за убиство на 17-годишен црнец, кој беше на гости кај неговиот татко.

Трејвон Мартин не беше вооружен кога беше застрелан и убиен од 28-годишниот Џорџ Зимерман, кој тврдеше дека се работело за самоодбрана.

Одлуката на судот да не го осуди Зимерман доведе до раѓање на движењето „Црните животи се важни“, кое одигра значајна улога во протестите против полициските убиства и во барањето промена на полициската политика.

Дали протестите се случуваат често?

Убиствата на неколку афроамериканци, многумина невооружени, од американската полиција меѓу 2014 и 2016 година предизвикаа анти-полициски протести кои во некои случаи се претворија во насилство.

Ескалираат протестите низ САД поради смртта на Џорџ Флојд

Некои од убиствата, како во случајот со Флојд, беа снимени на видео и станаа вирални.

Ерик Гарнер беше запрен од бели полицајци во Њујорк во јули 2014 година под сомнение дека нелегално продавал цигари.

протест, Аталанта, Џорџија
протест, Аталанта, Џорџија

Невооружен, полицијците го турнаа на земја додека минувачите го снимаа инцидентот.

43 годишниот Гарнер, кој неколку пати рече дека не може да дише, подоцна почина.

Сепак, службеникот што ја предизвика неговата смрт не беше прогласен за виновен.

Само еден месец откако Гарнер беше убиен, полицијата го застрела Мајкл Браун, црн тинејџер, во Фергусон, Мисури.

Браун беше невооружен кога беше убиен од полицаецот кој тврдеше дека тоа било самоодбрана. Тој беше прогласен за невин.

„За жал, постои сомневање кај обоените заедници дека спроведувањето на законот е закана за нивните секојдневни слободи. Овие сфаќања се враќаат со децении, датираат од немирите во Лос Анџелес во 1992 година и немирите во Вотс во 1965 година “, вели Надлер.

Колку долго се случуваат вакви немири?

Соединетите држави доживеаја неколку насилнички расни немири во 1960-тите по апсењето Афроамериканци, што доведе неколку комисии да ја проучуваат нивната причина и да понудат решенија.

Во август 1965 година, еден 21-годишен црнец во населбата Вотс во Лос Анџелес беше запрен заради несовесно возење.

Неговата расправија со полицијата го разгори грозниот гнев во афро-американското соседство поради неправдата, вклучително и полициската бруталност и лошите услови за живот, што доведе до шестдневни немири кои резултираа во смрт на 34 лица и оштетување на стотици згради.

Големи немири повторно се случија две години подоцна во афро-американските населби во Њуарк, Њу Џерси и Детроит, Мичиген, по апсењата афроамериканци од страна на локалните полициски сили. Националната гарда беше повикана за да ги смири немирите.

Пелоси и Шумер го критикуваа Трамп

Комисијата Кернер, формирана да ги испита причините за немирите во Детроит, заклучи дека Соединетите држави „се движат кон две општества, едно црно, едно бело - одделно и нееднакво“.

Дискриминацијата на Афроамериканците и нивната поделба во сиромашните заедници долго време го подриваат американскиот живот и „сега ја загрозуваат иднината на секој Американец“, се наведува во заклучоците.

Немирите во Лос Анџелес во 1992 година - едни од најлошите во современата американска историја - веројатно немаше никогаш да се случат доколку некој граѓанин не сними четворица бели полицајци како го тепаат Афроамериканецот Родни Кинг на земја со палки.

Кога полицајците не беа прогласени за виновни за полициска бруталност, афроамериканските жители на Лос Анџелес беа разгневени и во неколкудневните немири загинаа десетици луѓе.

Како се разликува тековниот протест од оние во 2010-тите?

Алекс Витале, професор по социологија и координатор на Проектот за полициско работење и социјална правда на колеџот Бруклин, вели дека нивото на насилни конфронтации со спроведувањето на законот денес е поголемо отколку што беше за време на претходните немири во 2010-тите и ја префрла вината врзнеисполнетите ветувања од страна на властите да го подобрат полициското работење.

Бајден го обвини Трамп дека ги претворил САД во бојно поле

Американското спроведување на законот продолжува да ги апси Афроамериканците за прекршочни пријави на ниско ниво „Повеќето потполно непотребно “, изјави тој за РСЕ.

Калифорнија
Калифорнија

„Мислам дека гневот е затоа што веќе пет години им се кажува - не грижите се ќе го решиме ова со некои програми за обука и состаноци на полициската заедница, а ништо не се подобри. Бројот на убиства во полицијата не е променет, бројот на прекршочни апсења на ниско ниво не е променет “, вели тој.

Дали ковид-19 игра некаква улога?

Ковид-19, секако, ја погоди и афро-американската заедница. Црнците се заразени и умираат со повисока стапка од оваа заболување отколку белците, покажуваат државните податоци.

Рашавен Реј, од Институтот Брукинг во Вашингтон, вели дека структурните прашања, како што се живеењето во погусти населби и нееднаковиот пристап до здравствена заштита, лежат во срцето на проблемот.

Твитер прекри со предупредување пост на Трамп

Црните Американци исто така имаат поголема веројатност да работат на работни места што не можат да се прават од дома, оставајќи ги поранливи на коронавирусот, вели тој.

Сепак, Витале смета дека е рано да се каже дали ковид-19 има какво било влијание да ги натера луѓето да протестираат.

Тој вели дека социјалната нееднаквост е основната причиназа проблемот, но дека таа е поттикната од политичарите од двата краја на политичкиот спектар.

Дали некој друг расен инцидент го нахрани гневот?

Расни тензии веќе избувнаа во мај.

Смртта на Џорџ Флојд следеше по двата други настана што длабоко ги погодија расните нерви во земјата.

На 5 мај беше објавено видео на двајца, бели вооружени лица кои убија афроамериканец во Џорџија. Грегори Мекмајкл, пензиониран полицаец и истражител за локалниот окружен адвокат и неговиот син, Травис го запреа Ахмауд Арбери на 23 февруари, додека трча на улица, верувајќи дека можеби бил осомничен за две неодамнешни кражби.

Протести и грабежи во Минеаполис поради обвинение за расно убиство од полицијата

Адвокатот на граѓанските права С. Ли Мерит, кој го претставува семејството Арбери, изјави дека младиот човек го гонеле белците „само заради неговата раса“. Видеото предизвика локални протести.

Минеаполис
Минеаполис

И покрај деталите за случајот Мекмајкл не беше обвинет за убиство. Министерството за правда сега разгледува како локалните власти ја воделе истрагата.

Во друг инцидент што ги налути Афроамериканците, Кристијан Купер побарал од една бела жена да го заврзе кучето кое го шетала во Централ Парк во Њујорк на 25 мај.

Жената повика полиција за да каже дека „афроамериканец“ и се „заканувал“.

Купер сето тоа го сними на видео, а неговата сестра го постави на социјалните медиуми.

Видеото покажа колку лесноАфроамериканците можат да бидат криминализирани за бојата на нивната кожа и тоа брзо стана вирално, привлекувајќи повеќе од 40 милиони прегледи.

Што прави владата за решавање на проблемот?

Во моментов, Конгрес го оценува Актот за крајно расно профилирање, со кој се обидува да ја запре практиката на полицијата потпирајќи се врз вистинска или перцепирана раса, етничка припадност, национално потекло, религија или пол во донесувањето одлуки за спроведување на законот.

Конгресот во септември одржа расправа за полициските практики и покани разни експерти да размислат како да ја подобрат довербата помеѓу полицијата и афро-американските заедници.

Роналд Дејвис, поранешени директор на полициските служби во писмените забелешки поднесени пред сослушувањето во септември вели дека само обуката за пристрасност не е доволна, и оти е неопходна фундаментална реорганизација на начинот на кој функционира спроведувањето на законот.

Дејвис, смета дека американските полициски сили сè уште користат системи и политики дизајнирани во 1950-тите и 1960-тите, кои се расни.

Поранешниот претседател Барак Обама, првиот Афроамериканец избран во Белата куќа, во есејот објавен на 1 јуни рече дека протестите претставуваат „вистинска и легитимна фрустрација“ од неуспехот на нацијата во реформите во полицијата и системот на кривична правда.

Сепак, Обама рече дека немирите и грабежите не треба да бидат изземени или рационализирани. „Ако сакаме нашиот систем на кривична правда и целокупното американско општество да работат по повисок етички код, тогаш тој код треба да го моделираме“, вели Обама.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG