Достапни линкови

Твитер прекри со предупредување пост на Трамп


Твитот на претседателот на САД Доналд Трамп прекриен со предупредување од Твитер

Социјалната мрежа Твитер го прекри постот на американскиот претседател Доналд Трамп поврзан со немирите во американскиот град Минеаполис, наведувајќи дека твитот ги нарушува правилата, но не го отстрани.

На овој денешен потег се гледа како на ескалацација на несогласувањаата меѓу Твитер и Трамп и следува ден откако претседателот потпиша извршна уредба со која се намалува слободата на социјалните мрежи во уредувањето на содржините.

Во твитот Трамп наведува дека војската била пратена во Минеаполис каде што властите со соочуваат со зголемено насилство до кое дојде по смртта на Џорџ Флојд.

Неговото апсење на 26 мај беше снимено на видео од минувач и на него се гледа полицаец кој го притиска коленото на вратот на Флојд неколку минути додека тој постојано го моли да го пушти бидејќи не можел да дише. Флојд подоцна почина во болница.

"Овие бандити го обесчестуваат сеќавањето на Џорџ Флојд и нема тоа да го дозволам. Разговарав со гувернерот Тим Волц и реков дека војската е со него на тој пат. Сите потешкотии ќе се обидеме да ги контролираме, но кога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето. Ви благодарам“, напиша Трамп.

Овој твит на американскиот претседател компанијата го прекри со натпис дека ги прекршува правилата на Твитер и го велича насилството.
Инаку веќе трет ден по смртта на афроамериканецот Флојд во се одржуваат протести.

XS
SM
MD
LG