Достапни линкови

Жбогар - Опасност од големи последици врз економијата


Евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Постои голема опасност ширум Европа од последиците кои ќе следат по кризата со новиот коронавирус, доколку економијата остане предолго парализирана, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за Македонсото радио, пренесува МИА.

Тој вели дека во тој случај земјите ќе се справуваат со далеку поголеми последици кога луѓето ќе ги загубат работните места и кога фирмтие ќе пропаднат.

„Затоа е важно сега да ги преземеме сите потребни мерки, да избегнуваме контакти, да останеме дома за да се спречи ширењето на вирусот и да му помогнеме на медицинскиот персонал да се справи со кризата во повеќе или помалку нормална ситуација, бидејќи ако вирусот излезе од контрола ќе биде многу тешко за болниците да излезат на крај со пациентите“, вели Жбогар.

Тој додава дека во наредните недели очекува во земјава да пристигнат медицинска опрема и материјал од најавената итна помош во вредност од четири милиони евра за земјава од ЕУ, која додели првична помош од 66 милиони евра за справување со пандемијата со коронавирусот.

Тој исто така наведува дека пакетот од 66 милиони евра е првична поддршка и оти се разгледуваат повеќе проекти за дополнителна помош.

XS
SM
MD
LG