Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за пандемијата


Советот за безбедност на ОН

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска зад затворени врати за прв пат ќе го информира Советот за безбедност за пандемијата на коронавирусот. Најмоќното тело на ОН е критикувано за непреземање мерки против глобалната криза што ја предизвикува болеста ковид-19. Советот во минатото се занимаваше со итните случаи во јавното здравство како ХИВ-от и еболата. Генералното собрание на ОН на 2 април едногласно усвои резолуција во која се признаваат „невидените ефекти“ на пандемијата и повика на „интензивна меѓународна соработка во борба, ублажување и поразување“ на болеста ковид-19.

ОН: Милиони може да умрат ако не бидеме солидарни

Резолуциите на Генералното собрание кое има 193 членки, го одразуваат само глобалното мислење, но не се правно обврзувачки. Дипломати велат дека Советот забезбедност, чии резолуции се правно обврзувачки, е поделен помеѓу 10 члена избрани на двегодишен мандат и некои од петте постојани членки - САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина.

XS
SM
MD
LG