Достапни линкови

„Помеѓу уметноста и карантинот“

Националната галерија Скопје пред три дена започна уметнички предизвик на социјалните мрежи.

„Националната галерија продолжува со активности во периодов во кој нашата верна публика не е во можност да не посети, а најголемиот дел од времето е по дома. Земете како инспирација некое познато дело (доколку е македонски автор, уште подобро) и претставете го истото во состојба на карантин и самоизолација“, пишува во објавата на Галеријата.

Учесниците ги објавуваат своите ре-креации со #уметничкипредизвик, #националнагалеријапредизвик и со интернациониолниот #BetweenArtAndQuarantine (помеѓу уметноста и карантинот). Секојдневно се зголемува бројот на учесници во предизвикот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG