Достапни линкови

Пендаровски: Можно е да се смени одлуката за кризна или вонредна состојба


Стево Пендаровски, претседател на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски не ја исклучува можноста да се воведе кризна состојба на територијата на целата држава откако се зголеми бројот на заразени од коронавирус. Во интервју за телевизија Телма, тој изјави дека е можно да се оди во таа насока, но не на цела територија, туку во зависност од состојбата за секоја општина одделно.

„Бидејќи утрово е случајот од Скопје кое има над 600 илјади жители и потенцијалот за ширење на вирусот е многу поголем од Дебар и Центар Жупа, можно е да одиме и во таа насока. Ние денеска влегуваме во една повисока фаза. Вчера бројката беше далеку помала. Од средината на вчерашниот до средината на денешниот ден имаме речиси дуплирање на бројот на заболени. Не сакам да кревам паника.Јас и вчера најавив ако е потребно Советот за безбедност секојдневно ќе заседава да ја антиципираме ситуацијата“, изјави претседателот Пендаровски.

Сепак, Пендаровски не исклучува и прогласување вонредна состојба пред се, поради тоа што како што рече, државата влегува во сериозна економска криза.

„Ако имате вонредна состојба, во тој случај Владата може да владее со уредби со законска сила и да се задолжува на меѓународниот финансиски пазар во услови кога буџетот нема да го издржи притисокот предизвикан од кризата. А загубите се веќе огромни“, изјави Пендаровски за „Топ тема“.

XS
SM
MD
LG