Достапни линкови

Пендаровски - Не се воведува кризна состојба во цела држава


Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

Во моментов нема потреба од прогласување на кризна состојба на целата држава, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по одржување на состанокот на Советот за безбедност во проширен состав. Претседателот рече дека на состанокот се согласиле дека државата засега добро се справува со епидемијата на коронавирусот и дека нема потреба со избрзување на прогласување на кризна или вонредна состојба, но доколку дојде до таква потреба може да се прогласи во наредниот период. Тој вели дека по потреба Советот за безбедност ќе се состанува секој ден.

По речиси два ипол часа на состанокот, министаерот за здравство Венко Филипче реферирал за најновата ситуација за која, како што рече, Пендаровски, вестите се позитивни.

Државата на 12 март воведе кризна состојба во Дебар и Центар Жупа поради коронавирусот.

Одговарајќи на прашање за одложување на изборите, Пенрадовски рече дека за тоа ќе стане збор на утрешната лидерска средба, а информираше и дека со официјален допис ОБСЕ/ОДИХР ја откажа мониторинг-мисијата на изборите.

XS
SM
MD
LG