Достапни линкови

Бугарски судија на црна листа на САД


Архивска фотографија- американскиот државен секретар Мајк Помпео

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за бугарскиот судија Андон Миталов. За него Стејт Департментот наведува дека е вклучен во „значајна“ корупција во Бугарија. Американскиот државен секретар Мајк Помпео во денешното соопштение наведува дека го ставиле на црна листа судијата од Кривичниот суд Миталов поради неговата вклученост во „корупција со која се поткопува владеењето на правото и ја загрозува независноста на демократските институции во Бугарија“.

Во него се наведува дека и за жената на Миталов, Корнелија Стојкова- Миталова и за неговата ќерка Гергана Миталова се воведени посебни мерки со кои им се забранува влегување во САД.

"Ова е прва ваква мерка во Бугарија и ја потврдува посветеноста на САД за борба со корупцијата во Бугарија и глобално. САД продолжува да биде со луѓето во Бугарија во нивната борба против корупцијата“, наведува Помпео во соопштението.

Потегот на Помпео следува ден откако бугарскиот претседател Румен Радев рече дека и официјално нема доверба во бугарската влада која не успеала да се справи со корупцијата. Земјата има стабилен економски раст под водство на премиерот Бојко Борисов, но е критикувана за бавен напредок во борбата против корупцијата.

XS
SM
MD
LG