Претстојното патување на кинескиот лидер Си Џинпинг во Франција, Србија и Унгарија ќе се фокусира на економските врски на Кина со Европа и ескалацијата на трговските тензии меѓу Пекинг и Брисел. Но, позицијата на Кина за руската војна во Украина, исто така, ќе заземе централно место, особено за време на посетата на Си на Франција, изјавија двајца претставници на ЕУ за РСЕ.