Достапни линкови

Борисов и Радев не си веруваат еден на друг


Комбо фотографија- бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарскиот претседател Румен Радев

Со претседателот Румен Радев немаме никакви заеднички точки, освен бесмислените консултативни совети, каде никогаш ништо не се реши. Претседателот всушност ќе ми ја олесни работата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако во обраќањето кон нацијата шефот на државата кажа дека ја изгубил довербата во владата, пренесе БГНЕС.

„Уште во декември кажав дека тој за мене не е претседател, туку разединувач на нацијата. Тој го зборува тоа што БСП и ДПС го кажуваат“, рече Борисов и посочи дека однесувањето на Радев не е државничко.

Претседателот Радев претходно денеска рече дека и официјално нема доверба во Владата, која не дејствува во интерес на бугарските граѓани.

„Институциите што се повикани да бидат независни и да го поддржуваат законот, први го прекршуваат, станувајќи инструмент на власта. Државните органи си дозволуваат да ги заплашуваат неистомислениците и демонстрантите. Постои организиран напад врз граѓанските слободи“, потенцира Радев, потенцирајќи уште еднаш дека веќе нема доверба во Владата.

Месецов бугарското обвинителство отвори истрага за Радев поврзана со вработувањето на сопругата на претседателот и неговата координација со официјални лица за однесувањето кон Антикорупциската комисија која отворила истрага за вработувањето. Потоа Радев и обвинителството ги прекинаа сите контакти.

XS
SM
MD
LG