Достапни линкови

Лукашенка ја обвини Москва за притисок врз Белорусија


Белорускиот претседател Алeксандaр Лукашенка

Белорускиот претседател Алeксандaр Лукашенка ја обвини Москва за притисок врз неговата земја да се спои со Русија и вети дека никогаш нема да дозволи тоа да се случи. Лукашенка ја обвиниРусија, главниот снабдувач на земјата за ефтина нафта и гас, дека го искористува Минск околуиспораката на нафтата принудувајќиго на тој начин да се спои со Русија.

„Ние имаме своја земја, суверена и независна. Со нашите мозоци и раце, заработуваме што можеме, ние градиме своја земја. И, не можеме да бидеме дел од некоја друга земја. Не можам да ве изневерам и да ја распуштам Белорусија, дури и во братската Русија“ рече Лукашенка, кој е претседател од 1994 година.

Тој додаде дека Белорусија има голема доверба во Русија во однос на горивото и финансирањето истакнувајќи дека таа е клучна транзитна рута за руското снабдување со енергија во Европа.

Белорусија веќе некое време не се согласува со Русија околу цените за транзит на нафтата и тарифите, во чија позадина е зголемениот притисок на Москва врз Лукашенка за продлабочување на интеграцијата меѓу двата соседа. Двете земји не успеаја да се договорат за договорот за снабдување со нафта за 2020 година, што доведе Русија да го стопира снабдувањето на рафинерии во Белорусија, иако тоа делумно беше продолжено на 4 јануари.

XS
SM
MD
LG