Достапни линкови

Меркел - Путин: Нуклеарниот договор со Иран мора да се сочува


Германската канцеларка, Ангела Меркел, и рускиот претседател, Владимир Путин, на денешната средба се согласија дека нуклеарниот договор со Иран мора да се зачува по секоја цена зашто е од неверојатно значење, пренесе Ројтерс. Ова е прва посета на Меркел на Кремљ од мај 2018 година, на која главна тема беше ескалација на кризата на Блискиот Исток.

„Мора да се стори сѐ за да се одржи нуклеарниот договор од 2015 година и за тоа треба да се искористат сите можни дипломатски алатки“, кажа Меркел.

„Овој договор е исклучително важен и ние денеска се согласивме дека сите страни треба цврсто да се придржуваат до него. Иако САД се повлекоа од договорот, Иран повторно изрази подготвност целосно да го почитува“, изјави Путин.

XS
SM
MD
LG