Достапни линкови

Орбан бара појасен став на ЕУ за американско-иранскиот конфликт


Будимпешта- Унгарскиот премиер Виктор Орбан зборува на својата традиционална новогодишна прес конференција, 09.01.2020

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека позицијата на Европската унија за американско- иранскиот конфликт треба да биде повеќе усогласена со САД и Израел. На денешната прес конференција во Будимпешта тој рече дека сака европската позиција, која оцени дека не била јасна за иранското прашање, да биде ориентирана кон американско-израелската позиција.

Претседателот на САД Доналд Трамп на 8 јануари побара од светските сили да отстапат од нуклеарниот договор со Иран постигнат во 2015 година, кој Вашингтон го напушти во 2018 година. Трамп побара преговори за нов нуклеарен договор кои Техеран ги одби.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, пак, денеска разговарал со иранскиот претседател Хасан Рохани и побарал од него да се придржуваат до нуклеарниот договор од 2015 година. Министрите на земјите членки на ЕУ според најавите ќе се сретнат утре во Брисел за да разговараат за тензиите меѓу САД и Иран.

XS
SM
MD
LG