Достапни линкови

Путин му заблагодари на Трамп за спречување терористички акти


Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. Осака, Јапонија, 28.06.2019.

Рускиот претседател Владимир Путин му заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „информација преку специјалните служби која помогнала да се спречат терористички акти во Русија“, соопшти Кремљ, наведувајќи дека тоа бил сторено преку телефонски разговор. Засега нема потврда за ова од американска страна. Руските медиуми објавија дека разузнавачките служби соопштиле оти двајца Руси кои сакале да извршат терористички напад во Санкт Петербург за време на новогодишните празници биле уапсени врз основа на американско предупредување.

XS
SM
MD
LG