Достапни линкови

Мицкоски: Власта се плаши од професионалец кој ќе ги разобличи криминалите


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Поставувањето врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на власта, наведува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако нивниот предлог – полковникот во Армијата Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи вчера од Владата беше оценет како неуставен.

На својот фејсбук-профил, Мицкоски денеска напиша дека „фактите говорат оти оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив“.

"Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. А ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконтинуитет во хаосот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата и дисконтинуитет на рекетите под државна капа,"пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми,напиша Мицкоски кој ја повикува власта, како што вели – „да не ги одложува работите.

XS
SM
MD
LG