Достапни линкови

Минатата гoдина со ПИ мерки биле следени 317 луѓе


Минатата година со посебни истражни мерки (ПИМ) биле следени 317 луѓе, информираа од Јавното обвинителство пред Собраниската комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. На денешната седница комисијата го усвои извештајот на Јавниот обвинител за примена на ПИМ за 2018 година. Споредбено со 2017 има зголемување на примената на овие мерки. Во 2017 овие мерки биле применувани против 289 луѓе.

Јавниот обвинител Бодан Лазаревски, кој во името на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески го образложи извештајот, оцени дека примената на ПИМ дава резултати и овозможува успешен прогон на сторителите на овие кривични дела. Тој вели дека овие мерки се применуваат строго рестриктивно.

XS
SM
MD
LG