Достапни линкови

Русија и Турција се договорија за повлекувањето на Курдите


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вечерва изјави дека на средбата во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин се договориле курдските борци да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот од Сирија, а за тоа имаат рок од 150 часа.

По состанокот Ердоган рече дека рокот од 150 часа или нешто повеќе од шест дена ќе почне да тече утре попладне. А Турција и Русија потоа ќе почнат да организираат заеднички патроли, рече Ердоган. Договорот меѓу Русија и Турција уследи откако курдските борци објавија дека се повлекле од областите во североисточна Сирија за кои Анкара бараше да бидат очистени од курдски борци

Рускиот претседател рече дека со Ердоган донеле важни одлуки за Сирија.

XS
SM
MD
LG