Достапни линкови

Министерот Никола Димитров во Брисел


Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од денеска до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се очекува Советот на ЕУ и Европскиот Совет да донесат одлука за датум за почеток на пристапните преговори на нашата земја со ЕУ. Како што соопшти МНР, во рамки на посетата шефот на дипломатијата ќе размени мислења со членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент. Ова ќе биде прво обраќање на Димитров пред новиот состав на овој Комитет, по европските избори одржани во мај 2019 година. Министерот Димитров за време на посетата ќе оствари и поединечни средби со пратениците од Европскиот Парламент.

XS
SM
MD
LG