Достапни линкови

Захариева: Историското прашање меѓу Софија и Скопје е потешко од Преспанскиот договор


Бојко Борисов и Екатерина Захариева

По изјавите на бугарскиот премиер Бојко Борисов, дека Бугарија не ѝ дава безусловна поддршка на Македонија за ЕУ, и шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, се огласи со иста порака.

„Нашата поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна – има еден многу јасен услов, а тоа се добрососедските односи. Не постои начин да се стремите да станете член на ЕУ и да имате нерешени билатерални односи. Тоа не е само бугарски критериум, туку еден од критериумите за членство во ЕУ – пријателски и добрососедски односи, рече Захариева во изјава за бугарската ТВ Нова.

Според неа, историскиот дел меѓу Скопје и Софија е потешко прашање од спорот за името што беше решен со Договорот од Преспа.

„Преспанскиот е билатерален договор. Не е лесно да се смени името на вашата земја, но историскиот дел меѓу Бугарија и Македонија е потежок. Целиот идентитет и историја од постоењето на Република Северна Македонија од 1944 година е заснован на делови од нашата заедничка историја“, истакна Захариева.

Таа вели дека Договорот за пријателство во кој е предвидена соработка во економијата, туризмот, инфраструктурното поврзување, културата, образованието…, дава резултати, но, нагласува - не треба да ја потценуваме историјата.

XS
SM
MD
LG