Достапни линкови

Комитет на Европарламентот гласаше за либерализација на визниот режим со Косово


илустрација

Либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово беше поддржана од Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи. Иако и претходно во европарламентот се гласаше за либерализацијата на визниот режим со Косово, според процедурата, по европските парламентарни избори одржани во мај годинава, на новиот Европски совет му е потребен и нов мандат за преговарање за либерализацијата. На Западен Балкан само на граѓаните на Косово им е потребна виза за патување во земјите од Шенген зоната.

XS
SM
MD
LG